Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Водовод за 11 села во Јегуновце

Тетово – За единаесет села од општина Јегуновце е изграден регионален водовод. Околу 2.000 семејства со над 8.000 жители добиваат здрава вода за пиење. Ќе се снабдуваат со подземна вода од 20 литри во секунда за што е ископан бунар од над 50 метри. Водата ќе се влече со хидрофор, за што во севкупноста на објекти има и посебна трафостаница. На пригодната свеченост во саботата панделката ја пресекоа премиерот Никола Груевски, амбасадорот на Норвешка, Кјетил Паусен, и извршниот директор на МЦМС, Сашко Клековски. Груевски ја испи првата чаша вода од чешмата поставена кај командниот објект.

Во финансирањето на објектот учествуваа владата на Норвешка преку тамошната Асоцијација на локална и регионална власт со 650.000 евра и Владата на РМ со 500.000 евра од неколку извори. Реализацијата на проектот е почната во 2007 година. Изграден е магистрален цевковод од 17,5 км од Јегуновце до Ратае, поврзувајќи ги селата Ротинце, Копанце, Туденце, Сиричино, Шемшово и Жилче, а со секундарна мрежа уште и Подбреѓе, Јанчиште и Прељубиште. Во некои од овие села се извршени интервенции и на секундарните мрежи.

Некои од присутните се сомневаа дека зафатените 20 литри вода во секунда ќе бидат доволни за да ги задоволат потребите. Зоран Мартиновски од Ротинце ни рече „ова е само почеток. Ќе видиме дали вода ќе стигне до сите семејства и потрошувачи“. Ротинце се' уште не е приклучено во овој водоводен систем. „Низ нашето село не се завршени уште 400 метри од селската мрежа. Додека целото село не се зафати, нема да се приклучуваме“, рече Ќирко Масевски, претседател на месната заедница.

За повеќето од селата за кои сега се гради регионалниот водовод веќе имаше претходен зафат на извори од Пршовечка Јурија. Меѓутоа, по повеќе од 20 години се јавија проблеми. Освен намалување на количините вода на изворите, надлежните органи утврдија дека постои и бактериолошка загаденост. Од тие причини во селата водата се користи само за технички и за хигиенски потреби. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Родната куќа на Ѓорче Петров се распаѓа






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker