Промоција на спотот „Македонија - вечна“ на Милчо Манчевски
Денеска во Музејот на современата уметност со почеток во 12 часот ќе биде промовиран спотот „Македонија - вечна“, прв од низата рекламни спотови што ќе ја промовираат Македонија во светот како туристичка дестинација. Сценариото и режијата на спотот се на Милчо Манчевски. „Македонија - вечна“ своето промотивно патешествие го започнува на 25 декември емитувајќи се најпрвин на Си-Ен-Ен и на Си-Ен-Ен интернешенел, за потоа да продолжи и во други десетина земји на уште осум јазици.
Како поддршка на кампањата, изработена е и веб-страницата www.macedonia-timeless.com, која исто така ќе биде промовирана денеска. (К.Р.) |