Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
Бугари и Македонци

Ана Чучкова

Додека девет години ги следев бугарската телевизија и тамошните новинари, не видов ниту една емисија во која некој Бугарин докажува дека е Бугарин пред Бугарите и ни еден Бугарин новинар не слушнав да убедува друг Бугарин дека не е Бугарин, туку е Македонец! Жално иронично! Слушнав дека и таму има луѓе што тие самите ги нарекуваат – македонисти.

Испровоцирана до болка од емисијата на Васко Ефтов и по милион пати повредена од некој што е „Македонец“ , пишувам за она што, всушност, најмногу ме боли кога ќе слушнам некои зборови од мојот народ - Македонците.

Внука сум на дедовци што се бореле за Македонија. Гордо го носам моето презиме и знам дека сум Македонка. Сето тоа беше во ред додека не заминав да студирам во Софија. Е таму веќе бев изненадена. Почнаа да ми го напаѓаат презимето, дедо ми бил Бугарин, имало многу докази што потврдувале дека ние сме Бугари и тоа, според нив, било така. Се лутев и им објаснував дека не е така. Се лутев и протестирав и јасно им к��жував на сите што сум и која сум. Како поминуваше времето, Бугарите веќе ми станаа смешни со нивните изјави за Македонија, а посебно за моето презиме. Им се смеев в лице и ги оставав да си останат во нивните илузии. Знаев што значи моето презиме. Се обидоа да ми дадат стипендија, требаше само да ја наведнам главата да го кажам тоа што тие сакаа да го слушнат и јас како студент во туѓа земја ќе поминев многу полесно. Ќе си имав стипендија, немаше да минувам како странец. Но, не можев, а и не смеев да го направам тоа и си го издржав студентскиот живот со сите проблеми што може да ги има еден странец. Немам бугарски пасош !

Девет години поминав во Софија, завршив и среќна сум поради тоа. Останав тоа што сум! Н,о болката почна кога почнав да гледам наши луѓе. Ајде.... си велам, Бугарите ме прават Бугарка и тоа си е нивна работа, па на крајот на краишта, секој си има право на мислење. Но, не знам дали можете да замислете како е кога твојот народ на кој што му велиш дека си Македонец, за кој твоите дедовци се залагале, ти велат и те убедуваат дека си Бугарин! Е тоа навистина е болно. Веројатно, ние си имаме проблем внатре, се предаваме и се делиме сами. И, веројатно, ќе почнам да го прифаќам ова за вистина. Бугарите плаќаат и нивните внатрешни структури работат на тоа да ја докажуваат нивната вистина. И кога најмногу очекував дека зад мене ќе застане, како што е ред, мојата држава, но тоа воопшто не се случи. Многу луѓе ми го викаат истото. Презимето ми завршувало на „ов“ тоа било бугарско! Мојот народ ме предава и нема намера да докажува дека сум Македонка. Не знам како воопшто и кој ги пушта „боцките“ да се докажува дека ВМРО од тоа време било бугарско. Да не случајно има некој што упорно работи на тоа ние Македонците никогаш да не се сложуваме и да се предаваме меѓусебно?! Господинот Васко Ефтов, кој јас лично не мислам дека е новинар, туку обичен дрдорко, и кој едвај го разбирам затоа што во исто време си поставува прашања и сам си ги одговара како што сака тој, врши притисок врз неговите гости, им докажува нешто што слушнал, а не дослушнал, упорно цела вечер кажува како вмровците од тоа време биле Бугари, иако 10 историчари што тој лично ги поканил во емисијата, му кажуваа дека не е така. Имено, овие луѓе ниту ги нападнаа тогашните партизани –комунисти ниту заземаа некоја страна, туку многу објективно му ја раскажуваа нашата историја. А тој упорно - не, па не – тие Македонци се Бугари!!! Но, на нему својствен начин, тој успеа да ги издвои од соговорникот само оние реченици што, наводно, го докажуваат обратното.

Во Бугарија не слушнав такви негирања. Ама Бугарите за нив не креваат врева и не даваат да се слушне тоа! Се штитат! Само што нашата држава некако не е заинтересирана за нив. Повеќе е заинтересирана да докажува како некои Македонци што живеат и творат во Македонија се Бугари. Точно знам што сум поради многуте работи што сум ги слушала во мојата родна куќа, за документи и слики што ден денес се таму и грижливо се чуваат и поради потшепнатите работи, кои поради страв, не смеело да се кажат гласно. Воопшто не ме погодува тоа што другите го кажуваат за нас, ме погодува кога нашите го кажуваат. Повеќе се луѓе од мојата фамилија што се бореле за Македонија! Еден од нив го создал првото друштво за фолклор „Танец“, бил министер за Македонија и потпретседател на првата македонска држава, трет бил војвода, еден од нив е учесник во пишувањето на есперанто и уште многу други податоци што ме прават Македонка. Еден од дедовците е закопан во Бугарија!

Дали тоа го прави Бугарин?! Па, имам јас роднини закопани и во Србија, а и дедо во Америка! Можеби некој ќе рече дека сме Американци!!! Неблагодарно е цела една историја и сите тие тогашни сложени настани да се сместат во одговор од две поставени прашања! Не може така едноставно во два збора да се опише цела наша историја и постоење. Тоа се сложени прашања. Се прашувам што ќе одговори внукот на мојот комшија што извади бугарски пасош единствено и само единствено поради тоа што со неговиот камион ја прехрануваше цела фамилија. Во тој момент човекот одлучил поради тешка финансиска положба, дека тоа е најправилното решение за неговата фамилија. Извадил бугарски пасош. Кажува човекот дека е Македонец, но ете така одлучил во тој момент. Неговиот внук, веројатно, по неколку години ќе биде запрашан - зошто дедо ти имал бугарски пасош? И, секако, веднаш ќе му биде залепена лепенка дека е бугарофил! Како ќе им објасни дека поради тогашните околности, тој сметал дека зема правилно решение да извади пасош?! Истото е со многу од нашите луѓе што печателе и учеле и се школувале во Бугарија. Едноставно, пак ќе повторам: такви сложени структури и настани што се случувале тогаш, жално е да се сместат само во две реченици и да се суди за тоа врз основа на тие две реченици! И уште еднаш, кој упорно ги пушта боцките?!

#
Статијата е прочитана 2006 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.10.2010 12:36:32
Искрено сочуствувам со вас почитувана г-ѓо Чучкова,не сте вие само колатерална штета на недоквакан новинар или друг оспорувач.Во последно време имаме од коментатори тука презентирање на нов тип Македонци викани Егејци,исто така во негативна конотација оти замислете премиерот имал такво потекло.Да не ги споменуваме оние симулационо-ползечки типови кој инсистираат на национално обезличување.
Од: PROTEST
Датум: 27.10.2010 12:38:33
Protestiram poradi teskotiite okolu pracanjeto na veb-komentarite! Koga ke se napise komentar i se vnese kodot mosne cesto tekstot se gubi so nanznaka Vnesovte pogresen kod.... A, tekstot vece go nema. Toa ne e slucaj na pr. so vesnikot Dnevnik, tekstot se vraca,a se vnesuva nov kod i se e v red. Znaci treba da vnesete izmeni!
Од: gjoko bugarija
Датум: 27.10.2010 12:54:45
Alal ti vera za statijava.Mnogu dobro e napishano i objasneto.
Од: petko
Датум: 27.10.2010 12:55:36
mojot dedo, pradedo i prababa bea od Makedonija. Site bea bugari... Sekoj mora sam da se opredeluva
Од: Phanagoria
Датум: 27.10.2010 13:05:14
Na strana Bugarite, jas mislam deka nasiot problem e sto se uste ima potreba na nas samite da dokazime deka sme Makedonci. Pozdrav!
Од: Свилени Ракавици
Датум: 27.10.2010 13:08:16
Етнички Македонец во Бугарија тоа воошпто не е пријатно :-(
Од: Феличита
Датум: 27.10.2010 13:29:37
Не знам што и е проблемот на авторката?Идентитетот е лично чувство и не е важно што друг мисли за тебе.Изборот е лично твој.Во словенија при последниот попис имаше и Ескими,Фрижидери,Трактори,па никој не им направи проблем.
Од: tihi
Датум: 27.10.2010 14:13:16
Mnogu ubavo znaeme koj gi pusta bockite , ne pieme nafta za da ne gi skontame.Pustajkji gi bockite mislat deka ke kjarat nesto sitno ,ne svakjajki deka samite se bockaat.Procitani se vekje ,ne palat istite finti od porano.Zatoa im e tolkava popularnosta vo narodot.Dosadni ste bre, dajte nesto novo.
Од: Бојана
Датум: 27.10.2010 15:59:57
Честитки за написот. Секој има слобода да си се чувствува како сака, а ако сега незнае нема ни да дознае до крајот на зивотот што е, па колку и да го убедуваат.
Од: Dr. Stojadin Naumovski-Coci/SAD
Датум: 27.10.2010 18:38:01
Pozdrav do Gospogjica Cuckova i poddrska da istrae vo svojata misija.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.10.2010 19:34:00
Не е Васко Ефтов тој што тврди дека ВМРО е Бугарско во својата суштина.Самите документи за неговото оснивање и постоење го Докажуваат тоа!Тоа го докажува и нивното антимакедонско делување низ историјата,а особено во Втората Светска Војна!Закрвавено е ВМРО до гушата со македонска крв!Заронето е,се дави длабоко во неа!Тоа што некој мој предок бил учесник во нивните чети воопшто не значи дека треба да го осудувам.Едноставно,приликите биле такви и егзархиската пропагандата успеала да му го испере мозокот!Денес,Бугарскиот пасош на вашиот комшија камионџија кој се обидува да го исхрани своето семејство и не е проблем (иако познавам многумина без леб,кои не го сториле тоа),но кога истиот пасош ќе го извади поранешен Премиер на државата тоа веќе јасно говори за неговото делување и „патриотска“определба!Тоа е веќе државна Трагедија од невидени размери!
Од: Emocii i fakti
Датум: 27.10.2010 23:22:09
G-jd Cuckova. tekstot e iskren i dobar no nekoi fakti gi prikazuvate subjektivno i so emocii. A emociite sekogas ne vodat kon vistinata. Jas sum Makedonec i se osecam taka, no mora da vi kazam deka golem broj od vojvodite , pa i naselenieto vo ovie kraista vo 19 vek se izjasnuvale i osecale kako Bugari( pa videte gi togasnite pipisi vo Otomanskata imperija). I samoto osnovanje na revoluc. organizacijnja na 23 oktomvri 1993 bilo pod imeto bilo so bugarski prefiks( proverete sto znaci BMORK) Delcev vo podoficerskata skola vo Sofija e zapisan kako Bugarin( so koj motivi ne znam) Procitajteja vo orginal, bez prepravki Siljan Strkot od Cepenkov pa nesto ce vi stane jasno. I na kraj car Samoil e krunisan so krunata na car Simeon, od pratenik na papata, so naziv car na Bugarite, Srbite i Grcite!. Kako glasi vistinskiot naziv na Zbornikot na Miladinovci izdaden vo Djakovo? I da ne nabrojuvam drugi raboti. Ne znam dali Vas vi se poznati ili gi premolcuvate?
Од: sime
Датум: 27.10.2010 23:23:34
Sto bi rekol nasiot narod "od site strani sardisani"Da se borime za Makedonija.
Од: Vlado
Датум: 28.10.2010 01:54:36
А да си се договорат и бугарите и македонците, како ретко блиски наорди и по јазик и по потекло и по култура и по вера и по религија, но сепак различни, да потпишат едно пусулче и да се заврши историјата, со ваков текст: Република Бугарија ги признава сите оние коишто сакаат да се викаат македонци а се нејзини граѓани. Република Македонија ги признава сите оние коишто сакаат да се викаат бугари а се нејзини граѓани. И ај чао. Имам многу роднини и тука, и во Бугарија а по некој и во Србија. За виља на вистина тек тук и по некој во Грција. Сите се род а имаат разни пасоши. Верувајте ми сите и различно се чувствуваат. Па што? - Како некој вооптшо му текнало да ме кара што сум бугарин во Србија или егеец во Русија???? - Ама сосема лично и ирелевантно е. Важно дека ако направам беља секаде еднакво треба да одговарам пред закон. Е тука лежи зајчето. Тогаш на сите ќе ни тргне.
Од: rade
Датум: 28.10.2010 05:28:44
poveke od 20 godini odam na odmor vo bugarija i sekogas koga sum tamu se trudam da zboram priblizno kako niv.Koga ke me prasaat bugarite od kade si jas sekogas velam od Bugarija .Vece na slednata recenica tie mi vikaat:ti ne si Bugarin, ti ne go znaes bugarskoit jazik.Za mene nema pogolema satisfakcija od toa.Makedoncite ne go znaat bugarskiot jazik.Taka bilo i vekovi nanazad.2 veka porano bugarskite kriticari ironicno ke zabelezat za Gligor Prlicev :na grcki pee kako slavej, a na blgarski kako buf .Vreminjata bile takvi kako sto se sega.Zaradi zivotna egzistencija ili prosperitet makedoncite odele vo sofija i se soglasuvale da se zapisat kako bugari dodeka vo istite vreminja vo rusija i evropskite zemji se zapisuvale kako makedonci bez nikakov problem.Za zal deneska ja imame istata slika i uste pogolema siromastija.Nekoi od komentatorite neka ja zemat i neka ja procitaat za makedonskite raboti i ostanatite dela na misirkov.A Vasko Eftov e ocajno nepisman i ne zasluzuva vnimanie.
Од: afion
Датум: 28.10.2010 07:52:35
"emocii i fakti" , se zapisuvale bugari bidejkji nemalo makedonska drzava. Koj kako se cuvststvuval samo toj znael. Do vcera nekoi od nas bea jugosloveni, dali toa znaci deka ne bile makedonci? Goce moral da se pise bugarin da bi vlegol vo voeno, bugarsko skolo. No istiot toj pokasno kje izjavi deka se bori za slobodna Makedonija. Zosto se potencira samo edniot smer?
Од: todor
Датум: 28.10.2010 09:53:50
E navistina ti e tesko bidejki si izmesana so tie sto go napravile toa sto ne go napravi ti i sega sedat vo prvite redovi na DPMNE i ni ja krojat sudbinata. Em stipendii, em diplomi bez ucenje em drzavni sluzbenicki mesta, a nie Makedoncite vo svojata drzava ke gi prereduvame kontejnerite samo zatoa sto se deklarirame kako Makedonci. Za zal povtorno sme pod ropstvo na ovaa bugarofilska vlada.

Најди! во Утрински
Писма






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000