Писателите избираат ново раководство
Редовното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи утре со почеток во 10,30 часот. За претседател на Асоцијацијата, единствен кандидат е актуелниот претседател, Раде Силјан, а за претседател на Собранието на ДПМ, кандидиран е писателот Веле Смилевски.
На овој највисок собир ќе се избираат и членови на претседателството, статутарна комисија, комисија за финансиско работење и суд на честа. Но, годинава за прв пат ќе се избира Собраниски одбор, во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во земјата во која живеат и создаваат автори, членови на ДПМ. Од писателската асоцијација сметаат дека „со работата на овој одбор ќе се оствари идејата за дисперзија на активностите на ДПМ и во другите средини низ Македонија. Тоа, велат, ќе значи заживување на книжевните јадра надвор од Скопје (Н.П.) |