Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Семејни стебла“ за Денот на музеите

На изложба во Музеј на Македонија ќе бидат презентирани 30 семејни стебла

Меѓународниот ден на музеите 18 мај, вечерва во Музејот на Македонија во 20 часот ќе биде одбележан со отворање на изложбата „Семејни стебла“, а во постојаната поставка на Етнолошкиот музеј ќе биде отворен и нов амбиент на стопански двор - гумно.

Изложбата „Семејни стебла“ ги бележи семејните хронологии во изминативе три века и е најавена како сведоштво на длабоко вкоренетите семејни темели и вредности, на општествениот, економскиот и културниот живот во Македонија.

Преку фотографии ќе бидат прикажани 39 семејни стебла на семејствата: Аџиевци, Аницин, Тошеви-Кареви, Дртковски, Коку, Капмаре, Прокопиеви, Балабјан, Чепрганови, Димковци, Филиповци, Гечеви, Хаџи Лега, Букле, Бомбол, Бунтески, Дика, Сима, Фрчковски, Груеви, Кокалевци-Ѓурчинови, Крлиу, Личоски, Рубен, Османли, Топуковски, Зографски, Бајрам, Тавитјан, Влашки, Настеви, Миќуновиќ, Милачиќ, Новичиќ, Ераковиќ, Мирчевци, Топузи-Матковски, Жунгуловци и Поп-Антовски. Истоимениот проект е работен по идеја на директорката на Музејот, Мери Аницин Пејоска, под раководство на вишиот кустос Виолета Ѓорѓеска. Во реализацијата како дел од музејскиот тим, се вклучени и кустосот Боро Бунтески и дизајнерот Гордана Георгиевска. Изложбата е и најава за понатамошни истражувања во соработка со заинтересираните семејства за збогатување на збирката „Семејни стебла“.

Вечерва ќе биде презентиран и проектот „Ранохристијанска уметност на територијата на Македонија”, сочинет од дела на учениците на Интернационалното средно училиште, работени под раководство на проф. Теон Џинго, во соработка со музејскиот едукатор Лена Анѓелковска.

Во рамките на одбележувањето на Денот на музеите, на 19 мај во 12 часот, во киносалата на Музејот на Македонија ќе биде промовирано и најновото издание на зборникот „Историја бр. 3“. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 243 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Волстрит“ е сменет – алчноста стана легална
Владо Јоциќ
Македонија - лидер во имплементацијата на културните разлики
Јане Чаловски изложува во „Тејт“ во Лондон
Изложба „Живот во кутија“ во Прилеп
Музејските поставки ни се архаични
Средба со Томислав Османли во „Или-или“
Писателите избираат ново раководство