Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп


ОВЕН

Не трошете го викендов на прашања од типот зошто се случуваат војни во светот, зошто има глад и сиромаштија. Ако немате попаметна работа, облечете ги патиките и шетајте низ природа. Релаксирајте го мозокот. Наполнете ги батериите.



БИК

Најсреќни би биле кога би можеле да научите нешто ново, да работите интересни работи и да патувате околу светот. Супер, само не заборавајте дека постојат и оние здодевни, секојдневни обврски што мора да се завршат. Никој нема да го направи тоа наместо Вас.



БЛИЗНАЦИ

Иако се' уште не е најдобро време за трошење пари, дозволете си еден мал шопинг. Проверете ги продавниците и најдете нешто убаво, а евтино. Не почнувајте со големо купување, туку земете нешто што привремено ќе Ве залаже.



РАК

Бистри сте, денеска Вашиот мозок совршено ќе работи. Искористете го тоа и посветете се на она што е навистина корисно и што може да Ви дојде добро во иднина. Така ќе Ви остане доволно енергија за да си поминете луда и незаборавна вечер. Па, викенд е!



ЛАВ

Интересен викенд во кој би можеле да Ви се случат разни работи. Ќе размислувате за понуда што неодамна ја добивте и, најверојатно, ќе ја прифатите. Ќе го минете времето во спознавање на себеси и на партнерот, кој ќе прави невозможни работи за Вас.



ДЕВИЦА

И така животот Ви се менува во секоја секунда, а единствената константна работа е емотивниот живот. Ѕвездите навестуваат дека деновиве ќе ја најдете својата сродна душа, а ако веќе сте во врска, ќе се вљубите повторно во својот партнер!



ТЕРЕЗИЈА

Сакате да глумите жртва, нели? Ако му ја понудите својата помош на некој Ваш пријател, сметајте дека тој не е тактичен како Вас, па наместо еден прст, ќе Ви ја зграпчи цела рака (можеби и повеќе)! Ако тоа навистина го сакате - направете го.



СКОРПИЈА

Иако околностите велеа дека ситуацијата ќе се поправи, ќе бидете разочарани. И на работен, и на приватен план. Но, со оглед на тоа што во секоја несреќа постои и среќа, ќе се појави некое лице што ќе го разубави љубовниот живот.



СТРЕЛЕЦ

Доколку сакате да имате финансиска сигурност, мора да научите како да ја остварите. Дали станува збор за штедење, кредит или за нешто сосема трето- Ваше е да одлучите. И ��одека го правите тоа, гледајте напред, во иднината, зашто така може да се сетите на некоја добра идеја.



ЈАРЕЦ

Најидеално би било кога би можеле да се одвоите малку од средината и да заминете на пат, секако, доколку имате можност да го сторите тоа. Ако сте ограничени, бидете итри и префрлете му ги обврските на некој друг. Не дозволувајте да Ви ги откријат намерите.



ВОДОЛИЈА

Иако е викенд, Вие ќе се занимавате со работните обврски. Вашиот претпоставен ќе Ве повика на деловен состанок и ќе Ви постави барања што воопшто не ги очекувате. Немојте да паничите, зашто ги имате сите одговори. Треба само да се сконцентрирате.



РИБИ

По големата мешаница работите како да стивнуваат. И додека другите уживаат во тоа што полека се враќаат во својата рутина, Вие се нервирате. Не бидете наивни, искористете го викендов во забава и пронаоѓање сопствен мир.


#
Најди! во Утрински