Кој чепка во нашите свети места?
Владо Павлов, Кочани
Дали на повидок е ново сквернавење на нашиот локалитет во Црквиште - село Мородвис? На 16 јули годинава, повторно Кирил Трајковски (археолог-кустос) се подготвува за чистење на локалитетот во ова село. „Паонска лига“ и „Блек поинт“, како здруженија, со последните демонстрации во 2006 година и' укажаа на јавноста дека предметите и артефактите кои се земени не се видени, барем не од населението од тој крај.
Поради немање доверба во Кирил Трајковски, споменатите невладини здруженија повторно го отвораат проблемот кој ден-денес не е расчистен токму од Кирил Трајковски. Не дозволуваме никој да ги злоупотребува нашите светилишта во Источна Македонија, бидејќи токму на ова место се погребани нашите паонски кралеви. Ве молиме, како весник за соработка, да го зачуваме нашиот идентитет, бидејќи ако ги оставиме слободни нашите археолози, ќе се вратиме во почеток, за потоа да немаме сигурни докази за нашето библиско свето име - Македонија. Ве молиме на будност на трезвеност и сите заеднички да го докажеме сето она што се крие во Мородвис, а тоа ќе го докажеме со професионалност, чесност, лојалност и мудрост. Да напоменеме дека на повидок е и работење на археолозите на подземниот римски затвор во градот Кочани. Нашите екипи се подготвени за соработка со вас. |