Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Бенитез: Интер ќе игра поубаво

Досегашниот тренер на Ливерпул вчера беше промовиран како наследник на Мурињо на клупата
на европскиот првак

Новиот тренер на Интер, Рафаел Бенитез, вети дека неговиот тим ќе се обиде да игра попривлечен фудбал од тој што го практикуваше неговиот претходник Жозе Мурињо. Шпанецот, кој си замина од Ливерпул со спогодбен раскин на соработката што траеше шест години, ќе има тешка задача да ги повтори големите успеси на Мурињо во минатата сезона пред да си замине во Реал Мадрид.

„Мурињо заврши извонредна работа тука, но јас сум поинаков. Јас сакам да победувам, но сакам и добра игра ако е можно“, изјави Бенитез пред преполната сала за прес-конференции во интеровиот спортски центар „Анџело Морати“ во близината на Милано, каде што вчера и' беше претставен на јавноста. „Мојата цел е да го зачуваме победничкиот менталитет и да играме добар фудбал“.

Мурињо, чијшто начин на игра понекогаш беше одбранбен, ги растажи навивачите на Интер со напуштањето на клубот веднаш по триумфот над Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите. Бенитез, кој слабо зборува италијански, потпиша двегодишен договор со Интер, но ги отфрли шпекулациите дека сигурно нема да остане по 2012 година.

„Сигурен сум дека ќе останам подолго ако работам добро“, реплицира тој.

Една од неговите први цели е да ги задржи најдобрите фудбалери, од кои десниот бек Мајкон, на пример, најави дека би сакал да му се придружи на Мурињо во Реал. Португалското крило Рикардо Кваресма, кој имаше две посни сезони во Интер, се пресели во турски Бешикташ.

„Овдешните играчи се добри. Тие сакаат да играат добар фудбал и да победуваат. Имаме толку многу висококвалитетни играчи и Мајкон, на пример, е еден од нив. Им посакувам среќа на сите наши играчи на Светското првенство, вклучувајќи го и Мајкон, кој е многу важен за нас“, изјави Бенитез. „Треба да зборувам со луѓето од клубот за трансфер-листата. Самуел Ето? Тој доста се жртвуваше за тимот во минатата сезона. Тој е добар и интелигентен фудбалер и сигурен сум дека ќе ги даде истите жртви и во следната сезона ако биде потребно“.

Прашан дали го дели мислењето на Диего Марадона дека Камбјасо и Маскерано не можат да играат во ист тим, Шпанецот одговори: „Марадона е селектор на аргентинската репрезентација. За мене, Камбјасо е играч од највисока класа. Среќен сум што го имам овде со нас. Од овие двајца фудбалери, тој е единствениот што го имаме“.

„Кутињо? Млад и добар играч. Балотели? Квалитетен и важен играч. Среќен сум што е со нас. Не сум работел со него, а тоа се однесува и на другите фудбалери“, ја продолжи опсервацијата на составот на интер неговиот нов кормилар.

Бенитез отк��и дека бил во контакт со речиси сите свои поранешни играчи од Ливерпул.

„Не беше лесно да се напушти Ливерпул, но ситуацијата се смени и морав да си одам. Им се заблагодарив на играчите и тие ми посакаа среќа. Џерард? Зборував со него на неговиот роденден и засега единственото за што сака да зборува е Светското првенство“, додава популарниот Рафа.


#
Статијата е прочитана 730 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Љубиша СтанковиЌ
ЕДИТОРИЈАЛ
Димитар Чулев
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Ричард Н. Хаас

Берово ќе живее од туризам

Рики Мартин
Објавува книга за хомосексуалноста и родителството