Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Задоцнета реакција на ММФ

Соња Маџовска

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд задоцни со пре(пораките) и не' збуни. На Владата и' сугерира повеќе да не ги троши парите од најновиот аранжман, ако може и предвреме да ги врати веќе повлечените 220 милиони евра пред изборите, а ако има потреба од дополнителни средства, да се задолжи на комерцијалните пазари со еврообврзница. Многу нелогигично, од една страна, се поздравува можноста за предвремено враќање на нивниот евтин кредит, а од друга, се препорачува ново скапо задолжување.

Целата ситуација потсетува и на онаа народната „по свадба - тапани“.

Наместо монетарците да реагираа пред изборите кога целата македонска јавност беше шокирана од одлуката на Владата да повлече 220 милиони евра од кредитот со ММФ, тие сега откако дел од нив се потрошија, ја натоварија Владата. Новиот министер за финансии ќе биде ставен во тесно. Тој ќе треба предвреме да ги враќа потрошените пари од Фондот, да шета по светот за да најде купувачи за новата еврообврзница, и згора на се', за неа ќе се плаќаат повисоки камати.

Ако ММФ ни одобри кредит со камата од 1,3 отсто, каматата за еврообврзницата се движи меѓу 5 и 6 проценти. Дополнителен проблем е тоа што моментно состојбите на надворешните пазари воопшто не се поволни за издавање еврообврзница поради грчката криза и опасноста таа да зафати и други земји.

Народот вели ништо нема бесплатно, сметките кога-тогаш стигнуваат за наплата, а ако задоцниш, ќе ти биде пресметана и повисока камата. Тоа и се оствари, Владата ќе мора да се задолжува и надвор и дома за да го покрие буџетскиот дефицит со повисоки камати.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, пред изборите уверуваше дека нивното одржување е главната причина зошто издавањето на еврообврзницата е неизвесно и затоа одлучи да ги искористи парите што ги одобри ММФ. Сега си легна на брашно, ја потврди намерата за задолжување на надворешните пазари. Нема се' уште детали и не се знае сумата за која ќе се задолжуваме со еврообврзницата, но тоа ќе се реализира најверојатно наесен.

Јасно е дека земјава допрва ќе влегува во нови долгови. Но, она што остана нејасно и по заминувањето на мисијата на ММФ, е за што отидоа и колку од 220-те милиони евра, всушност, се потрошија.

Монетарците јавно не го отворија клучното прашање колку и за што биле потрошени повлечените 220 милиони евра. Овие бројки сега ги знаат само ММФ и Владата, но не и македонската јавност. Со општата формулација, која постојано ја соопштува Владата, а сега ја повтори и ММФ дека парите се трошеле за сите буџетски потреби, излегува дека јавноста нема потреба да ги знае овие бројки. Шефот на мисијата на ММФ, Вес Мекгру, само соопшти дека со парите од кредитот се финансира буџетскиот дефицит, кој е во рамки на предвидените 2,5 отсто од БДП годинава, а в година треба да го сведеме на два отсто.

Покрај конфузијата со препораките што ја остави мисијата на ММФ, единствена светла точка е дека економијата во земјава полека закрепнува. ММФ за годинава ни прогнозира економски раст од 3 отсто, и постепено намалување на инфлацијата. Но, и тука има едно сепак, не' демнат ризици од кризата во Грција.


#
Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар

Од: Stiglic
Датум: 24.06.2011 02:43:36
Vo svojata kniga ,,Globalizacija,, dobitnikot na Nobelovata nagrada za ekonomija Dzozef Stiglic otvoreno zaboruva za korupciskite spregi na cinovnicite na MMF so korumpiranite ruski politicari! Ako pretstavnicite na MMF vakvi raboti mozat da pravat so edna golema zemja kakva sto e Rusija, togas moze da se postavi prasanjeto zosto toa ne bi go pravele i so mali i bedni zemji kakva sto e Makedonija? Zarem molcenjeto na dvete strani okolu potrosenite pari od kreditot vo iznos od 220 mil. dolari ne e najdobar dokaz za toa?
Од: citatelka
Датум: 24.06.2011 07:52:17
So posledniot pasus go demantiravte celiot tekst deka Makedonija bila vo straotna finansiska kriza, zaradi frlanjeto pari od strana na Vladata.Sekoj den slusame za taa EU vo koja poradi stoticii MILIJARDI Evra dolgovi na Grcija ima ogromni demonstracii i novi zadolzuvanja. Do site dusegriznici koi predviduvaat kolaps zasto narodov gresel na izbori, izgleda gospod sepak ja cuval Makedonija.
Од: Jovan
Датум: 24.06.2011 12:29:12
Ne ve svakam, Do "zavcera" preporacuvavte da zememe pari od MMF, "vcera" se bunevte zosto sme zele od MMF, a veke "denes" se bunite zosto treba da se vratat na MMF. Vie "opozicionerite" znaete li sto sakate i sto preporacuvate? MMF vide deka nemoze da se"dogovara" so Vladata i sega bidejki nemaat kar si gi baraat nazad,a Vladata ne se "dogovori" so MMF zatoa sto bese pod strasen pritisok od vnatre. MMF se obicni"banditi" na koj edinstvena cel im e da najdat sto pokorumpirana Vlada koja ke slusa isklucivo nivni "preporaki" i uslovi ,koj najcesto znacat pljackosuvanje na naselenieto.Od MMF nikoj ne videl "air", a nekolku drzavi i bankrotiraa poradi MMF.
Од: До „citatelka„
Датум: 24.06.2011 17:40:53
„ММФ за годинава ни прогнозира економски раст од 3 отсто, и постепено намалување на инфлацијата„ Прогнозите обично не се исполнуваат. НЕ НИ СЕ ПОТРЕБНИ ПРОГНОЗИ , САКАМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ.

Најди! во Утрински
Едиторијал

"""