Број 3427  вторник, 09 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма

Зошто се суспендира правото на слободен говор?

Слободан КамЧев, Минесота, САД


Казнувањето на Душко Илиевски за навреда на премиерот е еклатантно суспендирање на слободниот говор. Се прашувам, кое сериозно зло го навело битолскиот суд да го суспендира највисокото право во една демократска земја - правото на политички говор?

Господа судии, ова е невиден срам за Македонија. Од една страна, претендирате да се вклучите во европското семејство, а од друга, ја враќате земјата во осумнаесеттиот век. Објаснувањето на пратени��ката Дулиќ дека бил „инструиран“ (Дневник,4.11.2010) е познато како обвинување на жртвата. Дури и да бил инструиран, политичкиот говор е негово основно право. За илустрација, американскиот Уставен суд во 2003 година едногласно му го одобри правото на Бретон Барбер слободно да ја носи в училиште маицата со ликот на претседателот Буш и натпис – интернационален терорист. Според логиката на Дулиќ, тоа би претставувало омаловажување на претседателот на САД, кој во 2003 година само што не беше издал наредба за напад на Ирак.

Еден од најголемите поборници за правото на говор, американски уставен судија Луис Д. Брандис, најголемата закана по слободниот говор ја лоцира во инертните (незаинтересирани) луѓе.‘Според него, ‘јавната дискусија е политичко право и обврска и треба да биде фундаментален принцип на американската влада. Уште повеќе, (правен) лек за секој говор треба да биде уште повеќе говор, а не наметната тишина. Со други зборови, господинот премиер ги имаше на располагање сите можни средства, да одговори на обвинувањата со контра аргументи во духот на идејата за пазар на идеи.

Најголемата закана за слободата се аморфните луѓе. Зарем ќе дозволиме овој срамен чин на убивање на демократијата (каква-таква) да помине речиси незабележано. Постои ли концептот на општествена одговорност во нашето секојдневие? Има ли јунак меѓу судската фела да го крене гласот против овој антицивилизациски чин? Ќе се отвори ли јавна дебата за границите на слободата на изразување?

Знам дека е тешко да се ставиш на страна на жртвата, но македонските граѓани немаат друга опција. Во духот на Мартин Ниемолер, прво дојдоа по Душко...


#
Статијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар

Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 09.11.2010 12:14:45
Убаво си го срочил писмото друже, но Македонија повеќе личи на предвоена Германија отколку на Америка. Примитивизмот, необразованоста, ксенофобијата и политичкото изживување со неистомислениците го доживува својот климакс на овие простори. Мал дел од интелигенцијата е подкупен, поголем дел е заплашен а најголемитот дел е апатичен. Простата маса ја води државата....затоа ни се случува Душко Илиевски, Триумфални Капии, мртви родилки, полуписмени министри.... Го допревме дното, но за разлика од соседните ни држави кои тргнаа напред, македончето си седи заглавено во калта на дното, со вековната девиза - Ќути има и бетер.......
Од: rezil za sudstvoto
Датум: 09.11.2010 12:30:12
Presudata na Dusko Ilievski e sram i rezil za celata sudska fela, od koja ne ce moze nikogas da se ispere. Pa g-da sudii zarem tolku ve priotisna vlasta i nemavte dostoinstvo i integritet da se odnesuvate kako vistinski deliteli na pravdata?. Zarem onaj " metuzalemski" reformator Manevski ve odnese na toa deredje? Za Dulicka sto da se kaze. Da imase sram i perde i malku moral ce si sedese vo penzija , a ne od cisto koristoljubie da zema i penzija i da uziva pratenicki beneficii, dodeka mnogu sposoibni mladi kadri se bez rabota i uslovi za stvaranje na semejstva.Pa g-da penzioneri od tipot na Dulicka, Manevski, Andov , Petkovsk i Zingo i slicni, ajde trgnetese edns od vlasta. Vece3 so decenii ni zbogdisavte. ostavete mu mesto na mladite i svezi lica da se pojavat i donesat nekakov prosperitet. Vie nosite samo muvla i pakazina.
Од: Soglasen
Датум: 09.11.2010 12:45:15
Целосно се согласувам со авторот на писмото. Обидите на власта да ја задуши слободата на говорот нема да успеат! Тие не ја разбираат суштината на демократијата! Во САД постои непишано правило дека претседателот на државата нема право да ги тужи оние што го критикуваат!!! Со тоа критичарите му помагаат да ги поправа своите грешки. Но, овде .......
Од: забеган.
Датум: 09.11.2010 13:36:37
Супер текст , но овде тие правила не важат,Кој не мисли ПОРТОКАЛОВО се знае ќе му накалемат триста ујдурми.
Од: GG
Датум: 09.11.2010 15:59:28
Јас лично го обвинувам народот затоа што доброволно си го продаде личното право на слободата на политичко изразување. Не треба ништо да се очекува од политичарите за смена на законот за омаловажување бидејки тој е во нивна корист. Но, каде се интелектуалците, каде е МАНУ, каде се универзитетите со нивните професори, каде се студентите, каде е народот да да се спротивстави на оваа будалштина? За возврат, следејки ги примерите на Махатма Ганди, тие требаше да го фотокпираат истиот леток и да го залепат на секој ќош и да ја чекаат полицијата со лисици, масовно да бараат да бидат затворени и ставени пред суд пред очите на сите светски медиуми. Еден дисидент од шеесетите годи го рече ова “Демократијата на една држава се мери со тоа како таа ги третира дисидентите.“ Не можам да речам срам на судот и на политичарите, бидејки јасно е дека тие немаат никаков срам. Но, слободно можам да речам срам на македонскиот народ што си ја продал својата лична слобода на изразување.
Од: USA
Датум: 09.11.2010 17:50:26
USA nema ustaven sud, pa spored toa gorenavedeniov "ustaven sudija" e dezinformacija.
Од: detroit
Датум: 09.11.2010 19:39:36
Vo pravo e USA. Vo OAD nema ustaven sud a sudijata za koj govori avtorot na pismoto ne ni postoi.Ova se cisti gluposti od nekoj komunjarski aj da ne kazam sto....
Од: Сергеј
Датум: 09.11.2010 19:41:46
Молчењето е солидарност со неправдата! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Професорка
Датум: 09.11.2010 22:11:42
Е драг Слободане! Далеку е од нас Америка и далеку е Европа. Далеку е се што значи демократија. Независно судство во ваков тоталитаризам? Па судијата одма ќе го средат ако не пресуди како што “треба“. Да знаев што ќе дочекам во нашата мила МК и јас ќе бев во Минесота.
Од: Stojko
Датум: 10.11.2010 01:21:32
Za site nepismeni pecalbari koi tvrdat deka vo USA ne postojat ustaven sud (supreme court) i Louis Brandeis. Ako znaete da citate Angliski: http://de.m.wikipedia.org/wiki/Louis_Brandeis?wasRedirected=true

Најди! во Утрински
Писма
Каде е социјалната помош за болните?
Спорни вина






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'