Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Бизнисмените од Велес бараат поврат на ДДВ-то

Велешките стопанственици завчера и' се пожалија на Владата дека им доцни повратот на ДДВ-то во последните месеци. На завчерашната средба што ја имаа со министерот за економија Фатмир Бесими, на нивните поплаки тој им одговорил дека проблемот ќе го пренесе до Владата и до надлежните институции, но дека, најверојатно, станува збор за пропусти во некои бирократски процедури. Бесими ги информирал стопанствениците од Велес за најновите мерки на Владата за ублажување на последиците од глобалната криза врз македонското стопанство.

Според него, продажбата на велешка Топилница е регуларно спроведена и од новите газди ќе зависи дали таа ќе биде рестартирана. „Продажбата е спроведена според укажувањата на доверителите и стечајниот управник само го направил тоа што се барало од него“, рече Бесими, додавајќи дека Министерството за економија нема директна надлежност да укаже на постапката, како и тоа дали да се рестартира Топилница или не. Инаку, најголем процент на велешани се против рестартот на Топилницата. Тие имаат упатено жалба до надлежните министерства, меѓу кои и до Министерството за економија за нерегуларната и скандалозната продажба на Топилница и бараат преиспитување на постапката. (МИА)


Статијата е прочитана 415 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Големи очекувања од мала државна банка
Аргентина
Ситуацијата на пазарот на работна сила ќе се влоши
Највисока невработеност во САД за 34 години
ЕБОР даде за проекти во Албанија 1,2 млрд. евра
Бензинот во САД најевтин во последните пет години