Во наредните шест месеци Македонија и Кина ќе работат на акционен план за размена на искуства во областа на реформите во здравството и за обука на медицински персонал и на експерти од Македонија за кинеската традиционална медицина. Со овој план се интензивира соработката меѓу двете држави воспоставена пред неколку години од ексминистерот Владо Димов со потпишување на Спогодбата за унапредување на с��работката во здравството и во областа на традиционалната медицина.
„Договоривме и соработка меѓу болници преку твининг-програми, како и меѓу медицинските факултети во двете држави“, изјави министерот за здравство, Бујар Османи.
Неговиот колега Чен Џу рече дека се согласиле да ги унапредат програмите за размена на здравствени работници и институции во областа на медицината, едукацијата, обуката на општи лекари и здравствената политика, а се заинтересирани и за развивање и истражување на традиционалната медицина.
Државната администрација за храна и лекови во Кина има над 4.000 традиционални кинески лекови што се користат во нивната медицина, а се употребуваат и во земјите од ЕУ и во Македонија. (Ј.Ј.)
nie so vakvo zdravstvo vece sme lideri vo babini-devetini medicina. ne daj boze da odis na bolnica. ke te eliminiraat na "naucna baza' totalno nepismenite doktori, sincinjata na 'eminentnite " profesori.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.06.2010 08:45:54
Се надевам дека нема да ги предводи Надрилекаротархитект Вангелис Божиновски!
Од: јас
Датум: 29.06.2010 10:22:22
Не треба да учиме од кинеските древни лекари, кои навистина се за почитување , ами кај нас треба да одиме ( и веќе одиме ) во друг правец. „Треба да се учи “ од старите баби кои знаат да баат и од оџите кои пишуваат молитви за оздравување !!! Батали модерна медицина , таа ионака е за современите држави ...Кај нас дури и лекарите се неописменети медицински , зошто завршуваат „медицински “ факултети во приватни факултети и кога ќа завршат одат веднаш на специјализација..Така се случува лекар - специјалист да не знае еден притисок да измери..А за другото се знае , ќе соработуваат со поповите и оџите и земјата ќе ги покрие нивните греќки !!! Е јадна Македонијо !!!
Од: nekoj
Датум: 29.06.2010 10:54:26
otkako ke go unistite kompletno javnoto zdravstvo ne vi ostanuva nisto drugo tuku da se lecite so trevi, bajacki i spomenici.
Од: strumica
Датум: 29.06.2010 15:30:38
More kako sto trgnalo ne so dupkite tuku so kraterite vo FZOM ke pocneme i da im ,,baame" na pacientite ta bez pari dase izlekuvat