Број 2721  четврток, 26 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Виножито испровоцирано од антимакедонски слоган

Реакција на содржината на повикот упатен од грчката Национална гарда за одржување воена вежба во Лерин

Виножито, партијата на Македонците во Грција, вчера со соопштение реагираше на содржината на повикот упатен од грчката Национална гарда за одржување воена вежба во Лерин, во кој е наведено дека „Македонија е една и грчка“. Оваа реченица од повикот доаѓа од официјална институција на грчката држава и претставува флагрантна и невидена провокација против суверената држава Република Македонија, чии граници се само 20 километри од местото каде што се одржа вежбата, оценува Виножито. Тоа, според партијата, е уште еден доказ за лицемерството на Грција која, ја обвинува Македонија за иредентизам, а постојано спроведува иредентистички политики и поттикнува провокативни активности. „Се прашуваме дали слоганот ’Македонија е една и грчка‘, промовиран од владата и Армијата на Грција, ќе биде користен за напад на Македонија во случај на нестабилност на Балканот“, се вели во реакцијата. Виножито. Со жалење се заклучува дека Грција нема никогаш да прифати постоење на македонски народ внатре или надвор од своите граници се' додека не биде принудена да го направи тоа. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1310 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar M
Датум: 26.06.2008 19:26:43
Ne e samo Vinozito isprovocirano tuku celata Makedonska javnost e. Vinozito samo reagira na toa shot mnogu drugi organizacii i politichki strukturi trebashe da go storat!!!

Најди! во Утрински
Политика
„Фридом хаус“-Македонија стагнира во демократијата
Тачи уште една година на црната листа на САД
Водите се ризичен сектор за корупција
Коњановски се врати на директорската функција во РЕК
Македонски мајор се закити со медал од Шефер
Индустриското производство во мај пораснало за 17,6 отсто

"""