Јовица Угриновски
- неврохирург
Вистински работен ден, во кој од изутрина ме очекуваат две операции. Претпоставувам дека ќе завршам до 14,30 часот за попладнето да го минам на ручек со семејството и со животните во дворот. За вечер, во план е дружење и вечера со пријатели, а за крај на денот - читање.
Илчо Јованов
- декан на ФМУ "Гоце Делчев", Штип
На Факултетот за музичка уметност во Штип во полн ек е примањето документи на студентите, а во Деканатот наголемо се подготвуваме за приемните испити што не' очекуваат на 22, 23 и 24 септември. Главно, сите активности се насочени кон почетокот на академската година, па и голем дел од слободното време.
Миле Бошњаковски
- дир. на корп. комун. во "Т-мобиле" - Македонија
Стандарден работен ден, без некои планирани дополнителни обврски. Од 8 ч. започнувам со мејл-комуникацијата, па продолжувам со некои состаноци. За време на паузата - договорена средба со стар пријател, па до 18 ч. повторно - работа. По сите обврски, работни и семејни, се трудам вечер да најдам време за себеси.
|