Пријателите сфатија дека сте користољубиви, но вие не сте загрижени, бидејќи не ви е битно кој што мисли за вас. Тие треба да ве прифатат такви какви што сте. Долго време бевте жртва на шпекулации, затоа ви е здодеано од се'.
Бик
Точно знаете што сакате. Иако сте превртливи во ставовите, тоа не мора да биде лош знак. Доколку тоа се случува често, може да профитирате. Осаменоста е одлично решение за ваквата состојба. Можна е кожна инфекција.
Близнаци
Некои работи се кристално јасни. Подобро би се чувствувале кога не би знаеле на што сте. Би можеле да се надевате и сонувате. Од нешто треба да се откажете и некои луѓе да ги ставате на прво место. Се' што ќе преживеете денес е болно, но и корисно.
Рак
Никако да се смирите. Наклонетоста кон расправии и драматични ситуации моментално е евидентна, што оние кои не ве познаваат може да бидат шокирани. Партнерот е рамнодушен кон вашите "испади" и за ништо не ве сфаќа сериозно.
Лав
Нервниот систем е напнат. Се трудите да ја потиснете состојбата на хронично незадоволство. Доколку контактирате со Водолии, потрудете се да го увидите својот дел од одговорноста за несогласувањата. Или променете го партнерот или себе.
Девица
Многу припадници на знакот се занимаваат со книжевност и голем дел од слободното време го поминуваат со добра литература. Исклучително здрав интелект, многу идеи и планови ви се сноваат низ глава. Потрудете се да се дистанцирате од се'.
Терезија
И покрај тоа што немате пари, се чувствувате фантастично. Во се' ја гледате убавата страна, наклонети кон уживање во ситници. Потрудете се да си ги намалите трошоците ако не сакате да западнете во сериозни проблеми. Внимавајте на здравјето.
Скорпија
Функционирате според системот топло-ладно. На момент се' ви изгледа едноставно, како да не постојат проблеми. Стрпете се, поставете си хипотетички прашања. Се советува смиреност. Конечно, ќе го остварите она за што сонувавте.
Стрелец
Од другите го очекувате невозможното, затоа и разочарувањата се очекувана појава. Сметате дека на емотивен план не ви оди баш најдобро, па планирате да се повлечете од играта. Се советува да издржите докрај и добро да размислите.
Јарец
Смислата за убави работи моментално е изразена, а желбата да уживате во нив е посилна. Дружењето со Лавови и Терезии позитивно влијае на вашето расположение. Посветете им максимум внимание, тие се идеални за вас.
Водолија
Не сте во форма. Треба извесно време да се стрпите и да бидете помалку невротични. Не претерувајте со консумирањето храна, секс и алкохол, ова не е вистински момент за тоа. Одморете се со филм и книга или шетајте во природа.
Риби
Често ве обзема чувство на несигурност, па се повлекувате во својот свет, препуштајќи се на пасивен живот. Главата горе, набљудувајте го животот од ведрата страна и уживајте во ситните радости. Не заборавајте ниту на љубовта.