Број 3449  сабота, 04 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Закажи-откажи расправа во Собранието за А1

Светлана Унковска

Анкетната комисија за заштита на слободата и правата на граѓаните не успеа да ја отвори расправата за случувањата на улицата „Перо Наков“ б.б. од пред десетина дена. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа седницата на комисијата да се одложи поради тоа што во исто време почна и собраниска седница, на чиј дневен ред имало важни точки за кои е потребно двотретинско мнозинство. Претседателката на Анкетната комисија, Весна Бендевска, се согласи и седницата ја презакажа за денеска во 11 часот, но и ова не беше прифатливо за пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на кои не им се допадна да доаѓаат во сабота во Собранието и поради тоа демонстративно ја напуштија седницата. Малку подоцна Бендевска, преку соопштение, ја одложи и оваа седница, бидејќи не успеала да обезбеди присуство од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Таа, како и директорот на Финансиска полиција, Љупчо Стаматовски, вчера не се појавија на седницата на Анкетната комисија.

На вчерашната седница опозицијата обвини дека владејачката партија сака да ја одбегне расправата и дека за тоа има сценарио со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој претходниот ден закажал собраниската седница, иако петок е ден кога не се одржуваат седници и тогаш пратениците имаат можност за други обврски.

Атмосферата со меѓусебните препукувања на моменти се вжешти до таа мера што Јани Макрадули од СДСМ им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека за овој извештај, веројатно, наскоро ќе расправа ново мнозинство, додека Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Бендевска дека нема капацитет да ја води Комисијата, дека манипулира и ја злоупотребува позицијата и поради тоа треба да ја напушти оваа функција. Сето ова го следеа голем број професори, претставници на невладиниот сектор, експерти за човекови права и новинарите на А1, кои на 25 ноември беа директни актери во случувањата.

Главниот уредник на „Шпиц“, Бранко Геровски, ни изјави дека за него било очекувано ваквото презакажување на седницата. „Мислам дека ќе продолжат напорите на владјеачкото мнозинство да ја одложува дебатата за ова исклучително прашања, барем додека не легнат малку работите. Според мене, битно е со или без владејачкото мнозинство што поскоро да се отвори дебатата, затоа што на македонската јавност треба да и' се соопшти за тоа што се случи. Геровски останува на ставот дека вечерта во А1 имало полициски упад, иако сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, во интервјуто за Алсат-М, во ниту еден момент не спомна дека се работи за упад.

Инсистирањето да се одложи расправата опозициските пратеници го оценија како одбегнување на власта да се соочи со настаните пред А1.

Професорката Гордана Силјановска од Правниот факултет предложи на наредната седница да се инсистира на присуството на министерката Јанкулоска и на директорот на Финансиска полиција, како клучни фигури за расветлување на настаните од 25 ноември. Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, пак, забележа дека од писмените извештаи за постапувањето на Финансиската полиција и МВР не се гледаат причините врз основа на што реагирале и која е легитимната цел на таквата интервенција.




#
Статијата е прочитана 317 пати.

Испрати коментар

Од: karokan "gambit"
Датум: 04.12.2010 17:19:45
E,go nema ovde,da prokomentira "na kutura" ( povece da gi prepise tekstovite od prethodnite komentari) nesto i od ovoj tekst. Dali ostana bez "gorivo" ili pak nesto drugo e vo prasanje,mozeme samo da pogoduvame !!!!!!!! Kolku sto jas go poznavam ( od komentarite i "verglanjeto" (negov izraz)se edno isto,vo prasanje e toa "drugoto". Nesto vo stilot na eden (ne se secavam koj) fudbalski strucnjak,koj na edno svetsko prvenstvo za fudbalerite na Kamerun (so poznatiot Roger Mila) rece deka tie se kako zivotni (vo pozitivna smisla) i tocno go imaat cuvstvoto od kade doagja opasnosta!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Со дрва го потпираат училиштето за да не падне
Полицајците не употребиле сила во бурната ноќ
Јанкулоска
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society