Секторот за внатрешна контрола на МВР ја отфрли претставката на новинарите на А1
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР (СВКПС) ја оцени како неоснована писмената претставка на осум новинари на телевизијата А1 дека полицајците незаконски и непрофесионално постапиле во драматичната ноќ на „Перо Наков“ б.б. во Скопје. Новинарите тврдеа дека не им бил дозволувал влез и излез од објектот, а дел од нив се пожалија дека полицијата врз нив неосновано употребила физичка сила. Тие доставиле четири ЦД со снимен материјал.
СВКПС објаснува дека шестмина полицајци и нивниот старешина добиле задолженија да им асистираат на инспекциските служби, кои вршеа увид во фирмите каде што е сместена и телевизијата. Во договор со инспекторите на УЈП, полицајците вршеле легитимирање на лицата што влегувале и излегувале од објектот, со цел да не биде изнесена деловна документација, компјутери и други предмети, кои потекнуваат од кривични дела. Според Секторот, на снимките јасно се гледало дека по легитимирањето, новинарите слободно влегувале и излегувале од објектот.
СВКПС демантира дека вработените во полиција употребиле сила. Велат дека обезбедувачот на телевизијата со потиснување, односно без употреба на физичка сила, го оддалечиле од местото каде што вршеле обезбедување на помошните простории каде што инспекцијата вршела увид.
„По извршеното легитимирање, лицето од обезбедувањето продолжило со извршување на работните задачи“, покажала контролата.
Како што велат оттаму, набргу пред телевизијата се собрала толпа од 400-500 луѓе, поради што 40 униформирани полицајци пристигнале за да спречат нарушување на ЈРМ.
Внатрешната контрола ги демантира и тврдењата на новинарките Наташа Стојановска и Анета Додевска дека биле удирани од полицијата. Според СККПС, тие биле истуркани при обид поголема група граѓани да влезе во објектот. „Тие немаа никаков контакт со полицијата“, покажала истрагата, според која, новинарките намерно викале и паничеле со цел да се предизвика хаотична атмосфера.
„Откако им е овозможен влез во објектот, тие не го продолжиле движењето по ходникот, туку се вратиле назад и се обиделе да прикажат дека полициските службеници употребиле сила врз нив“, тврдат од Секторот.
Полициските инспектори разговарале со осумтемина новинари што ја поднесоа претставката и тие потврдиле дека ниту еден од нив не се здобил со телесни повреди, ниту, пак, доставиле медицинска документација. (Г.А.)
Ја користам приликата во врска со настанот на А1 и да го просветлам по нее важно кој пат шаховскиот чирак кога прашува за примери за наилно рушење на власта.Па така ќе му ги наредам по ред.Левиот ваш партнер со ,,нож и коски,,Петров,Јовановски,Макрадули,шематизираниот,Станковиќ искажаа јасни закани кој сите ги чуја и видоа.Шеќеринска на комисијата за ЕУ интеграции со ,,недемократски пад на Груевски.Мислам доволно е.
Од: karokan "gambit"
Датум: 04.12.2010 15:16:38
G-dfine Felix,ne e dovolno!!!!!!
Ti gi preraskazuvas zakanite i gi tolkuvas kako sto tebe ti odgovara.Vo drugiot komentar ti navedov i prakticen primer kako mozes da me uveris vo
tvoite tvrdenja!!! A,veruvaj deka ako se nedvosmisleni ce gi prifatam kako takvi.
Eden takov sopernik za kodoslukot na Boskovski
iznese:"Pa go plukase i klevetese Tarculovski,a ovoj mu rece "mars predavniku". Ako i tvoeto
objasnuvanje e takvo,togas nisto od ubeduvanjeto!!!!!!!!!!!!!
Po toj ,tvoj,princip sekoe masko lice mozes da go obvinis za obid za siluvanje,poradi poseduvanje predmet (organ) za izvrsuvanje na takvo delo!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: mk
Датум: 04.12.2010 18:04:58
Felix no coment!!!a toa sto go vidovme na vonrednata programa na a1 ne soodvetstvuva so mislenjetp na policijata.
Од: denes
Датум: 04.12.2010 20:57:41
Секој си кажува од свој интерес ,не гледајки ги последиците.
Едно на сите да им е јасно и на власта и на опозицијата дека не се работи за одредени лицности да им биде стокмено ,треба да се гледа поопширно да им е убаво на повекето ,зарем при очи сте слепи????????????Дали гледате со каква сиромастија се соочуваат лугево ,им умираат прегладнети деца ,се разболуваат ,а власта дава огромни средства за споменици-за камења,знам и тоа е убаво и тоа треба ама се гледа сто е попотребно за овој народ ,ова е како некои недомакини-децава дома леб му немаат умираат од глад а родителите ги уредуваат дворовите оградите прават порти и сл.