Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Македонија

Учениците - Македонци се враќаат на настава

Охрид – Учениците-Македонци, кои четири недели ја бојкотираа наставата со барање за воведување јазични смени во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга, в понеделник ќе се вратат на настава.

Ова беше одлучено во саботата, откако Владата и градските власти на Струга на родителите и учениците им ветија дека брзо ќе излезат со финално решение за проблемот. „Се договоривме до 13 октомври да излеземе со конкретни решенија за проблемот, со тоа што учениците од понеделник ќе почнат редовно да си ја следат наставата без притоа да губат часови“, изјави по средбата министерот за образование, Перо Стојаноски.

Покрај него, на средбата со родителите и средношколците присуствуваа и вицепремиерот Абдулаким Адеми, министерот за труд и социјална политика, Бајрам Џелали, градоначалникот Рамиз Мерко и директорите на средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“.

Родителите на учениците-Македонци и натаму инсистираат на воведување јазични смени со што, според нив, ќе се избегнат инцидентите како во минатата учебна година по кои започна бојкотот на наставата. Според надлежните, клучен проблем за решавање на проблемите во средношколскиот центар во Струга е немањето просторни услови за нормално следење на наставата. (Макфакс)


Статијата е прочитана 321 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
„Злетовица“ ќе биде готова, но општините ќе останат без вода!?