Македонија, како и земјите од ЕУ, ќе мора да ги изедначи половите во годините за пензионирање
Јасмина Јовановска
И мажите и жените во пензија ќе заминуваат на иста возраст. Ова се долгорочни размислувања на Министерството за труд и социјална политика, за менување на условите за пензионирање, кои би можеле да се случат во наредните десетина години.
До вакво менување на условите за пензионирање може да дојде поради евроинтегративните процеси на нашата земја, кои налагаат изедначување на половите во услови за пензионирање. И додека Европа го стега ременот околу пензионирањето, a од Брисел пристигнуваат најави во пензија да се оди со 70 години, засега Владата не размислува да ја зголеми старосната граница за пензионирање.
Во Македонија и натаму ќе важат истите услови за пензионирање. Мажите ќе се пензионираат со наполнети 64 години, додека жените во пензија и натаму ќе заминуваат со 62 години.
Анализите што ги прави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), како што објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика, засега не покажуваат дека има потреба од менување на возраста за пензионирање.„На секои шест месеци комисија од ПИОМ, преку таканаречениот актураски модел, прави краткорочни и долгорочни проекции на приходите и на расходите на Фондот врз основа на очекуваните демографски и економски развојни трендови и нивни варијации, во зависност од различните претпоставки за политиката на пензии. Засега тие анализи не покажуваат потреба од менување на критериумите за одење во пензија“, велат од секторот за пензии во Министерството за труд и социјална политика. Европските земји се соочуваат со тешкотии во обезбедувањето пари за социјална помош и за пензии и затоа бараат зголемување на возраста на пензионирање. Од Министерството тврдат дека пензиската каса кај нас засега нема таков проблем. Начинот на финансирање на пензиските системи во европските земји се разликува од оној кај нас, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика и затоа и нема потреба од менување на сегашните услови за пензионирање. „Ние немаме социјални пензии, како некои земји кои ги воведоа за да привлечат што повеќе работна сила. Така, освен за мажот, тие обезбедија и пензија и за жената, само со услов за престој“, додаваат од Министерството. Анализите во некои европски земји покажуваат дека пензиските системи ќе дојдат во криза, затоа што двајца вработени ќе работат за еден пензионер.
Во ПИОМ велат дека нема финансиски проблеми во пензиската каса иако економската криза го ничкоса стопанството, а со концептот бруто-плата е намалена и стапката на пензискиот придонес од 21,2 на 18 отсто.
Кој услов за изедначување на годините за пензионирање ќе биде прифатен засега не се знае - дали тој на жената од 62 години или тој на мажот од 64 години.
„Во Хрватска сега направија измена во пензискиот систем и таму во пензија и ма��ите и жените ќе одат со наполнети 64 години“, објаснуваат од Министерството. Но, ова не значи дека тоа ќе се случи и кај нас, зашто мора да се направи анализа на демографската состојба и на пензискиот систем во Македонија. До изедначување на половите кај нас сигурно ќе дојде, само прашање е кога ќе се случи тоа. Од Министерството за труд велат дека тоа нема да биде одеднаш туку со период на адаптација од 10 години. Притоа, со новите услови нема да бидат опфатени сегашните вработени, туку оние што допрва ќе се вработуваат, односно тие што моментно се школуваат.
Во Европската унија најчесто во пензија се заминува со наполнети 65 години. Во Германија, Грција, Шпанија, Португалија, Финска, Ирска и во Шведска услов за пензија се 65 години за мажи и за жени. Во Белгија, истиот услов за пензионирање - 65 години за мажи и за жени, е од пред две години, а дотогаш жените можеле да заминат во пензија со 62 години. Во Велика Британија и во Австрија мажите може да одат во пензија со 65 години, додека жените се' уште може да се пензионираат со 60 години. Исклучок е Франција каде што мажите и жените се пензионираат со 60 години, но таму нема предвремена пензија. Најновата реформа во Франција, пак, предлага зголемување на старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години. (Ј.Ј.)
I ova e golenma granica...vo EU nevrabotenosta e okolu 7-8% a kaj nas okolu 33-34%...ako sakte da propadnat mnogu mladi i obrazovani kadri kako zrtivi na ovoj penziski sistem nasproti stari i istroseni kadri so slaba produktivnost...
Од: kum
Датум: 14.07.2010 01:41:24
Kako odat rabotite vo RM nema ni da ima penzioneri.Site ce umrat,oti nema ni rabota ni pari,pa glad im tropa vo glavata na site. Penzii ce ima samo z apoliticarite, ama tie kako se lakomi z apari do sto godini ce ziveat i ce zemaat plati.Gluposti!
Од: jimmy1
Датум: 14.07.2010 06:54:07
Naslovot bi trebalo da bide. " Evropa bara penzioniranje so sandukot na ramo". A na koja vozrast ke odat politicarite vo penzija, na 40 godini??? ili pomalu. Za politicarite treba da im se dava penzija na 90 godini, posekako ne rabotaat nisto, samo ne kradat i se bogatat, pa i zosto im e penzija koga sve ispokradoja. Za niv treba nov zakon, likvidacija na 50 godini, zosto nemaat zaslugi za penzija.
Од: realen
Датум: 14.07.2010 07:37:43
Kako moze Makedonija da sledi primeri za penzija od Evropski zemji, koga Makedonija e Balkanska zemja a so standart na ziveenje Afrikanska. Toa sto se spekulira e cista glupost.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 14.07.2010 08:02:11
Најубаво би било кога во пензија би се одело на 88 години!И онака стануваме земја на орни старци и пред време остарени млади.Вака,барем нема да мора да трошиме од пензискиот фонд - од пензионирање,среќно вработените,ќе можат директно да заминат на „оној свет“!Ем волкот сит,ем овчички безброј!Кој ќе преживее,ќе раскажува! :)
Од: Интелект
Датум: 14.07.2010 08:13:51
Пензиската политика во Европа ја креираат метузалеми, добро нафатирани лица кои живеат на грбот на народот, лица кои го напрегаат само мозокот, лица кои имаат само хемороиди од седење. Баш би сакал да видам една наставничка од 65 години која ке го учи 8-годишниот син или керка на некој Претседател, Премиер или пратеник, со томбоза на нозете, со нерви при крај, со “испиениот ум“ од детското тормозење кое неможе да го доведе во ред заради ароганцијата и “презафатеноста“ на нивните родители, а детето да биде среќно и со радост да ја прифати “младата“ учителка на која вечно ќе се сеќава затоа што таа остава неизбришлива трага во животот. Тоа не е се народе од ЕУ. Затоа со општ повик: Да живее работничката класа како авангарда на напредокот на чело со државните водачи кои му мисларт добро на народот!!!!! Да живеат!?!?
Од: m-r
Датум: 14.07.2010 09:15:54
Treba da se napravi kompromisen sistem so koj i na pomlada vozrast (na pr.60) ke postoi opcija za zaminuvanje vo penzija na pr. so 80-90% od iznosot na celosnata penzija koja bi se ostvarila so 65 god. da receme. Na toj nacin ke se resi problemot i so onie koi se sposobni seuste za rabota i po 60 god. no i za onie koi ne se. I za sistemot na PIOM ke bide podobro. Takov e vsusnost sistemot na Francija, ne e bas kako sto e navedeno vo prilogot.
Од: b
Датум: 14.07.2010 09:23:49
Како веке немаат пари ни за сол за во очи, имам конкретен преддлог до власта: Да се укине пензионирање! Секој да оди на работа до својата смрт!
Од: tanja
Датум: 14.07.2010 09:52:47
Rabotam od 22 godini. So navreme zavrshen fakultet. Po pat vo mojot raboten vek snagata ja potroshiv i za postojano obrazuvanje i usovrshuvanje (magisteriumi, doktorati, specijalizacii). Mojata rabota e i fizicka i umstvena. Imam 30 godini staz. Da beshe so staz za 5 godini ke si odev vo penzija. Vaka ushte 10 ili poveke. A, kade se parite shto mi gi odbivaa 30 godini. Da mi gi vratat so kamata, pa jas sama ke odlucam koga ke si zaminam i ke im ostapam mesto na mladite. Bi si otishla ushte vednash.
Edna poznata iscuva deca i na 40 godini zavrshi fakultet i se zaposli na lezacko mesto. Taa e neistroshena i moze do 80 da sedi na stolce vo medjuopshtinski za trud i socijala.
A, kako ke davaat anetezija doktorkite na 64 godini??? Ili ke operiraat??? Ili rabotnickite vo tekstilnata industrija ke umiraat pokraj mashinite???
Vratete ni gi parite shto sme gi vlozuvale i shto gi vlozuvame test na sila shto ni gi zimate.
Од: Lile
Датум: 14.07.2010 10:04:23
Iluzorno e da se pravi sporedba so godinite za penzija na vrabotenite vo zemjite od zapadna Evropa i RM, zatoa sto treba da se zeme vo predvid socialniot faktor. Imenno nie sme bedna zemja, so nizok standard na ziveenje, so mnogo polosi uslovi kako za zivot taka i za rabota i lugeto se istroseni. Vo 65 godisna vozrast mozebi seuste se sposobni za rabota administrativnite rabotnici, prosvetnite rabotnici, umetnicite i sl.,dodeka vrabotenite od industrijata pogotovo hemiskata (koi nemat nitu beneficiran staz) mnogu tesko.
Од: tatoo
Датум: 14.07.2010 10:09:47
Ако тоа го направи владата (што не ме чуди), каде ќе одат толку млади невработени со високо и средно образование надградени и образувани по паролата знењето е сила знењето е моќ? Кој има услови ќе оди во странство, а другите ? После се прашуваме зошто Македонија рапидно старее. Уште малку Македонија ќе стане киомплетно геријатриска земја, ако остане цела.
Од: gogo
Датум: 14.07.2010 10:36:10
e ovoa e navistina preterano.pa do koga ke slushame vakvi sporedbi so evropa.strujata bila tolku,telefonot bil tolku godini za penzija tolku i eden kup drugi sporedbi.koga ednash ke se najde eden pameten da kaze deka vo evropa se zemaat evropski plati i zatoa ziveat so evropski ceni.vo evropa rabotodavcite se grizat poveke za svoite vraboteni otkolku za sebe a tuka toa e obratno.vo evropa rabotnicite imaat dobar sindikat i strogo zagarantirani prava pa ne e chudo tamu da mozat da rabotat i do 70 godini a tuka retko koj i ke stigne do 60godini.vo evropa ima zdravstvo vo futuristichki podem a kaj nas vo praistoriski pad. e zatoa ne pravete sporedbi tamu kaj shto ne drzi voda.ako e taka dajte da se ukine penzijata i da se proglasi taka recheno dozivoten raboten vek, isto kako mashinite ,neka rabotat dur mozat a potoa neka umrat.taka drzavata ke moze cel raboten vek da zema pridones za penzisko a ke ima obvrska na lugeto da im kupi samo eden pogreben sandak. ej luge svestete se
Од: N.Stavrevska
Датум: 14.07.2010 10:57:43
Na mladite treba da im se ovozmozi da se vrabotat, a starite osobeno tie sto rabotaat vo proizvodstvo i 62god.im e premnogu , a profesorite vo obrazovanie zarem sakate senilni lica da ni gi vospituvaat mladite, kako i sudiite
Од: sampson
Датум: 14.07.2010 11:43:40
Ќе мора во државава прво да се сменат некои други работи пред да се спроведат овие реформи и тоа да биде за доброто на сите.
Од: НИКОЛА
Датум: 14.07.2010 12:31:55
Така е во капитализмот мораш за газдите, политичарите и криминалците да работиш додека да умреш. Благодарен ке бидеш ако на крајот бесплато те закопат и ти дадат пофалница за чесната работа и за уплатените пари во пензијскиот фонд
Од: Mutapcic
Датум: 14.07.2010 14:16:06
Sramno e da se drzi covek na rabota posle 65 tata godina. No dokolku resile sindikatite ke mora da baraat penzijata na penzionerot da mu se isplati za onolku godini kolku sto ima staz. Znaci dokolku sredna penzija iznesuva 250 evra sto na godisno nivo ke izleze 3000 evra ke go pomnozime po stazot na vraboteniot 35 godini i ke dobieme suma od 105 000 evra koja mora da se isplati. Epa togas ako saka neka ne drzat i do 90 godini.
Од: eva
Датум: 14.07.2010 17:44:37
sto ubavo: starite neka rabotat, a mladite neka se pijancat, drogiraat i unistuvaat.
Ubavo velat deka lugjeto ke gi snema za edno 100 godini, ako ne i pobrzo.