Број 3332  среда, 14 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Скратени парите за борба против сидата

Дванаесет граѓански организации реагираат зошто државата ги намали средствата од државната програма за третман и превенција од сидата. Годинава за оваа програма се определени два милиона денари помалку од лани, поради што овие организации укажуваат дека постои опасност болеста да излезе од контрола. „Во услови кога се зголемува бројот на инфицираните и болеста се шири меѓу ризичните групи, држ��вата ги намалува парите за третман и превенција од неа“, укажаа вчера од невладиниот сектор кои промовираа заеднички документ наменет за Владата со цел да се интензивира националниот одговор во постигнувањето универзален пристап за ХИВ-превенција, грижа и третман.

Овие организации искажаа незадоволство од неотворањето на предвидените четири центри за третман на зависници, од кои три во Скопје и еден во Велес, и необезбедување континуирана терапија за инфицираните која ќе биде покриена од националните здравствени буџети и нема да биде зависна од донацијата на Глобалниот фонд. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 226 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 14.07.2010 09:30:28
Ма што рековте, скратени пари? Па кај се оние осум милјарди?

Најди! во Утрински
На прво место
И мажите и жените на иста возраст во пензија
Државата почна со нови вработувања
Се формира Трета опција за Македонија
Раздор во Институтот за демократија