Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Хроника

Уапсено магаре поради шверц на цигари

Бугарската погранична полиција на бугарско-македонската граница, кај Симитлија, „уапси“ магаре во обид од Македонија да прошверцува три транспортни кутии цигари во Бугарија. Магарето го знаело патот напамет. Тоа е откриено на шумски пат преку планината Огражден на релација од Берово кон бугарскиот град Сушица, пишува софискиот весник „Труд“.

По снимањето на магарето и составувањето записник, цигарите се запленети во корист на државата, а животното им е вратено на македонските полицајци.

Бугарските цариници заклучиле дека магарето е македонско, бидејќи неговите потковици биле различни од оние што се користат во Бугарија.

Бугарската полиција соопшти дека ова не е прв случај при шверц на цигари да се користи магаре. Пред две недели, исто така, фатено е магаре, а шверцерите на цигари, според полициските сознанија, почнале да користат и коњи.

Главна причина за шверц на цигари во Бугарија од соседните земји е нивната висока цена. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1167 пати.

Испрати коментар

Од: spire
Датум: 30.09.2010 12:38:07
Ke izleze vecer Bicikliskion na Press i ke kaze deka magareto e od SDS...... so verojatnost deka go ispratil..... koj ako ne Branko Crvenkovski
Од: Трпе
Датум: 30.09.2010 13:42:22
Колку е наивна бугарската и нашата полиција.Не се способни да следат едно магаре и да го пронајдат вистинскиот сопственик па и дилерите(иако магарето може да било и украдено).Магарето можно е и да е македонско, но можно е да имало и бугарски пасош.
Од: Vlatko
Датум: 30.09.2010 16:27:31
Tie sto go fatile ispadnale pogolemi magarinja od nego
Од: Rade.Hollandia
Датум: 30.09.2010 18:05:14
hehe kako uspeala policijata da go vate popametnoto magare od niv i od politicarite ne se pojavi jankulovska ili kotevski da dade pres koferencija kako imat uspesna akcija i neje dadeno na TV stanici kako policajci maskirani go nosat magareto pred istrazni sudija za da mu odredi merka pritvor za da mu policijata pise krivicna prijava sigorno i magareto sakalo bg.drzavjanstvo da zeme i na nego mu je dosadilo od po nepametnite politicari od nego bravo za magareto sto se naucilo i ono da svercuva a politicarite nikako da se naucat na red.
Од: marjan.pp
Датум: 30.09.2010 19:52:36
milicija trenira strogocu,da mu ja vratat ukradenata pompa

Најди! во Утрински
Хроника
Партиите ја спукаа и за новинарството
Трка по празно место за судија
„Кога гори, не' бараат, а потоа не' озборуваат“






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change