Број 3594  среда, 01 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



Овен

Пожелно е да го искористите оптимизмот и потребата за партнерство ако сакате да ја остварите тимската соработка. Денот е во знак на друштвените и на професионалните контакти. Доколку сте максимално попустливи, ќе ги сносите последиците. Не нервирајте се и одморете се.



Бик

Настојувате да бидете во центарот на случувањата. Искористете го талентот за пропаганда на адекватен начин. Не озборувајте непотребно, трошејќи ја енергијата на личности што не го заслужуваат тоа. Може да бидете изневерена страна, но може и да очекувате финансиска добивка.



Близнаци

Благодарение на изразената ментална активност, влијаете на околината. Добивате заслужено признание, сообразно на ситуацијата во која сте. Проблем на денот може да се јави доколку се конфронтирате со партнерот. Потрудете се се' што ќе ви каже тој од едно уво да влегува, а од друго да излегува.



Рак

Желбата за комуникација и усовршување е зголемена. Доколку се обидувате правилно да насочите некој близок, нема да успеете. Бидете внимателни, тоа може целосно да ви ја извлече енергијата. Избегнувајте расправии и не оптоварувајте ги луѓето. Потрудете се да си го зајакнете имунитетот.



Лав

Моментно не сте способни да донесувате битни одлуки, затоа потрудете се да одложите се' што е во таа насока. Не реализирајте некакви планови, нема да ви оди од рака. Потрудете се да бидете трпеливи и да го почекате вистинскиот момент. Извлечете порака од моментната ситуација ако сакате да ја надминете кризата.



Девица

Само со работа ќе заборавите на лошите ситуации и проблеми. За депресија имате време, работата е на прво место. Бидете смирени и ладни како само што вие знаете и умеете во слични ситуации. Не сте расположени за расправии, расположени сте бидејќи ве очекува материјална добивка.



Терезија

Ви се нудат две варијанти, а вие треб�� да се определите за која. Пријателите почнаа да ве оптоваруваат на агресивен начин, пожелно е да ги елиминирате накратко. Некој се труди да ги минира вашите ставови. Не дозволувајте му на кој било да влијае на вашиот живот.



Скорпија

Вашите планови немаат многу врска со вистината, затоа бидете внимателни. Посебно обрнете внимание на своите афинитети. Сакате без напор да остварите разни цели, но ќе наидете на многу проблеми. Половина од она што ви се нуди ќе го фрлите во вода. Се надевате дека дел од проблемите ќе ги елиминирате.



Стрелец

Прекрасно се чувствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Се' зависи од вашите афинитети. Некои од вас очекуваат работна експанзија, а некои се во нова интересна врска. Денот е полн со нови и пријатни случувања, препуштете му се на себеси својствен начин. Борете се за

своите права.



Јарец

Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле, денес тоа со леснотија ќе го завршите. Поради нешто стравувате, но непотребно. Имате лоши искуства, па не сакате да ви се појават слични непријатности. Активирајте ја фантазијата и занимавајте се со креативна работа.



Водолија

Искористете го моментот, бидејќи со одлучна акција ќе ги решите проблеми. Поделени сте меѓу желбата и фантазијата. Не ви е лесно, но мора да бидете трпеливи. Успевате да го остварите тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате лесно. Насочете се на здравјето.



Риби

Окупирани сте со семејни проблеми. Сакате на што подобар начин да го решите станбениот проблем. Среќни околности ви одат од рака. Воопшто не внимавате на здравјето, намалете го алкохолот. Партнерот ве поддржува во се', слушајте ги неговите совети.




#
Најди! во Утрински

"""