Број 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Работнички и Интер ќе почнат од нула во Скопје

Во првиот меч во Баку нашиот првак ремизира без голови, па пласманот во 2. коло во ЛШ ќе го брка во Скопје

Сашко Ѓ. Димовски

Фудбалерите на Работнички останаа непоразени на гостувањето во Азербејџан во првиот меч од првото квалификациско коло во шампионската лига на УЕФА. Против Интер во Баку не постигнаа гол, но за среќа и не примија, со што улогата на аутсајдери, по превирањата во клубот кои се очекуваше негативно да се одразат врз играта и резултатите на екипата, ја заменија со улогата на фаворити пред реваншот на „Градски“ во вторник.

Македонскиот бункер ги издржа азербејџанските проектили. Одбраната функционираше како армирана, не попушти ниту еднаш во фронталните противнички напади за освојување на стратегиската цел - мрежата на Кметовски, кој беше на ниво на задачата. Дефанзивната тактика на тим-менаџерот Бабунски го донесе посакуваниот исход, да се остане непоразен на азербејџанскиот национален тревник, а шансата за соочување со белградски Партизан во второто нокаут коло во ЛШ да се бара на сопствениот во Скопје.

Дека Работнички мислеше само да го одбрани сопствениот гол во Баку, а речиси и да не помисли да го нападне противничкиот, говори и статистиката од натпреварот. За 90 минути „романтичарите“ изведоа еден корнер и упатија само два удари кон Симеонов (првиот во 55 минута) од кои еден во рамки на целта, а Илијоски и Велкоски повеќе играа на сопствената половина отколку во нападот. Па, ако Работнички му беше гостин на Интер, тогаш Интер цел меч гостуваше во полето на Работнички во Баку. Азербејџанскиот првак дури 14 пати се закани, 6 удари одеа во рамки на голот на Кметовски, но ниту еден не заврши зад него. „Единицата“ на дебармаалци во неколку наврати интервенираше одлично, а во неколку ситуации мораа да реагираат и играчите поставувајќи глава и нозе за мирна мрежа.

Трикратниот македонски шампион може, мора и треба да биде задоволен од воведните 90 минути во годинашното издание во ЛШ. Дома се врати со резултат кој ветува, но воедно и предупредува, од причина што ремито без голови не претставува никаква предност за Работнички освен психолошка и онаа што ја носи домашниот терен. Затоа во реваншот е потребна победа. Така треба да се размислува, а да се надеваме дека така и ќе биде.

Интер Баку - Работнички 0:0



Стадион: „Тофик Бахрамов“ во Баку. Гледачи: 10.000. Гл. судија: Сирил Цимерман. Помошници: Антонио Луиш Фернандеш и Томас Хабегер. Ж. картони: Сишхин (Интер), Илијоски, Итуа, Лукмон, Михајловиќ (Работнички).

Интер Баку: Симеонов, Петровиќ, С. Абазов, Левин, Златинов, Гурбонов (Сишхин), Имамалиев (А. Мамадов), Исмаилов, Червенко, Е. Мамадов (Хусеинов), Гуглемон. Тренер: Андреј Колесников.

Работнички: Кметовски, Аксентиев, Крстевски, Итуа, Лукмон, Лазаревски, Михајловиќ, Муарем (Д. Ристевски), Османи (Ард. Нухији), Велкоски (Љамчевски), Илијоски. Тренер: Бобан Бабунски.

Резултати од првите мечеви во 1. квалификациско коло во ЛШ: Интер Баку (Азербејџан) - Работнички (Македонија) 0:0, Тампере Ј. (Финска) - Будуќност (Црна Гора) 2:1, Диделанж (Луксембург) - Домжале (Словенија) 0:1, Динамо Т. (Албанија) - Модрича (БиХ) 0:2, Ланели (Велс) - Вентспилс (Летонија) 1:0, БАТЕ Борисов (Белорусија) - Валур (Исланд) 2:0, Анортозис (Кипар) - Пјуник (Ерменија) 1:0, Валета (Малта) - Артмедија (Словачка) 0:2, Мурата (Сан Марино) - Гетеборг (Шведска) 0:5, Санта Колома (Андора) - Каунас (Литванија) 1:4.

Вчера играа: Динамо Т. (Грузија) - НСИ (Фарски острови), Актобе (Казахстан) - Шериф (Молдавија), Дрогеда (Реп. Ирска) - Левадија (Естонија), Линфилд (Сев. Ирска) - Динамо З. (Хрватска).

Реваншите ќе се одиграат на 22/23 јули.


Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Костовски- Отворени сме за разговори со суспендираните фудбалери
Стојчев и Нуњез „први носители“ во маратонот во Охрид
Пелистер посакува победа без примен гол
Андоновски го изненади Јаќимовиќ во Струга
Милано бара изненадување во Кипар
Фудбалски вести
Доживотна суспензија за екстренерот Греем
Чеде Јаневски ќе го преземе Ал Шаб
Шпанецот Невадо допингуван