Брoj 2708  вторник, 10 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Австрија тажна, Билиќ во соблекувалната го пушти Томпсон

Хрватите со слаба игра го остварија зацртаното - го совладаа домаќинот на ЕП, со 1:0 од пенал

http://www.euro2008.uefa.com/

Хрватска со победа над домаќинот Австрија го отвори европскиот шампионат, но дефинитивно не импресионираше со играта. Голот од пенал на Лука Модриќ уште во четвртата минута се покажа како решавачки.

„Не шокираше пеналот во четвртата минута. Тоа беше најлошиот можен почеток. Сепак, успеавме да се вратиме пред крајот на првиот дел. Тажни сме што не успеавме да дадеме гол во вториотдел, бидејќи мислам дека бевме подобар тим. Сега ни преостанува во наредните два меча да освоиме бодови. Ќе биде тешко но не се предаваме“, изјави најдобриот австриски напаѓач Роланд Линц.

Родениот Хрват, но играч на Австрија, Ивица Вастиќ изјави дека расплетот требало да биде поинаков.

„Противникот секогаш игра онолку колку што ќе му дозволиш. Ние на Хрватите не им дадовме простор, особено во вторите 45 минути. На крајот требаше да биде поинаку, очекував да освоиме барем бод“, рече Вастиќ.

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, изјави дека некои играчи биле преимпресионирани од големиот турнир. „Нема ние зошто некому да се правдаме. Победивме на меч на ЕП по толку години. Кога влегов во соблекувалната ги видов моите фудбалери дека не се задоволни. Го вклучив касетофонот и им реков: пејте! Ние вечерва победивме. Им ја пуштив песната од Томпсон „Лјепа ли си“. Цедето беше од играчите“, говореше Билиќ.

Инаку, хрватските медиуми остро ја критикуваа играта на фудбалерите на Билиќ. „Ја виде ли некој Хрватска во вториот дел, паѓаа коментари по последниот свиреж. Селекторот проблемот со недостатокот на физичка сила го израмни со несвесното повлекување во сопствениот шеснаесетник, велат хрватските новинари. „Не станува тука збор за немање сила. Но, јасно е дека прерано се повлековме. Дозволивме да не' убијат со трк и без вистинско додавање да дојдат до нашиот гол“, објасни Билиќ.

Близу 26 милиони гледачи го следеле мечот Германија - Полска


Навивачките на трибините ги бодрат своите репрезентации и со глас и со стас, а внимание привлекуваат со интересни модни детали и цртежи

Близу 26 милиони гледачи во светот го следеле натпреварот Германија - Полска, соопшти „Ројтерс“. Според анализите дури 69,9 отсто од сите телевизиски гледачи во Германија ја следеле првата победа. Колку за споредба првиот меч на Мундијалот 2006 година меѓу Германија и Коста Рика го следеле 20 милиони гледачи.

Арагонес сигурен дека Шпанија ќе и' даде гол на Русија



Селекторот на Шпанија Луис Арагонес е убеден дека денеска неговите фудбалери ќе и дадат гол на Русија. Таа негова самоувереност се базира на напаѓачкиот тандем Давид Виља - Фернандо Торес, кој треба да се храни со топките на Иниеста и Давид Силва, како и од централните дефанзивци Хернандез и Сена. „Ние ги имаме Виља и Торес. Тие се страшни фудбалери. Тешко е да не постигнат гол“, вели 69 годишниот Арагонес.

Инаку, Арагонес не би бил Арагонес, ако во континуитет не ја шокира нацијата. Најпрвин не го повика Раул, а сега на клупата ќе ги остави Саск Фабрегас и Чави Алонсо.

„Ќе играм кога ќе ми каже селекторот. Јас сум тука да и помогнам на Шпанија. Но и кога влегувате од клупа може да направите разлика во играта. Ќе бидам подготвен за повикот на селекторот“, изјави 21 годишната ѕвезда на Арсенал.

За играчот од средниот ред Рубен дела Ред првиот меч е од огромно значење. „Доколку победиш на отворањето потоа се е полесно“.

Инаку, Шпанија го отвори и минатото првенство со мечот против Русија во кој славеше со 1:0, но потоа играше нерешено со Грција, па загуби од Португалија и се врати дома.

Селекторот на Русија, Гус Хидинк, кој дефинитивно нема да може да смета на Погребњак не стравува од Шпанија. „Едиствено треба да се грижиме за нашата игра. Не треба да се грижиме за играта на нашиот ривал“, порача Хидинк.

Подолски: Ми беше тешко да и' давам голови на земјата во која сум роден




Напаѓачот на германската репрезентација Лукаш Подолски призна дека чувствува помешани емоции откако двапати ја затресе мрежата на својата родна земја Полска, за победа на панцирите од 2:0.

Играчот на Баерн е роден во полското индустриско градче Гливице, а неговото семејство се пресели во Германија додека беше уште дете. Подолски вели дека не му било сеедно.

„Секако дека ми беше тешко. Роден сум во Полска и таму имам големо семејство. Инаку, конкретно за натпреварот мислам дека тоа што договаравме наполно го исполнивме. Ова е прв чекор и мора вака да продолжиме. Нема олабавување“, изјави 23-годишниот Подолски, кој од УЕФА е прогласен за играч на натпреварот, а Рој Хоџсон, еден од лицата кои ги носи тие одлуки, рече дека не било лесно да се реши со оглед на добрите игри на Балак и Фрингс.

„Неколку играчи одиграа на одлично ниво, но головите на Подолски пресудија. Според мене, и Полска не беше слаба, но тешко е да се пробие германската одбрана. Германците имаат многу искуство и добри играчи. Полска имаше еднаков посед на топката, но залудно. При 1:0 имаа шанса за израмнување, а потоа и неколку контри, но не успеаја да дадат гол“, вели Хоџсон.


Статијата е прочитана 1560 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Силекс и Башкими останаа прволигаши
Четворица македонски тенисери на „Мерцедес опен“
Црвено-жолта ракометна рапсодија
Надал го „растури“ Федерер
Кубица во Канада до првата победа во кариерата
Бостон на пола пат до титулата по втората победа над Лејкерси
Ндерим Неџипи потпиша за белгискиот Лирс