Билјана Беличанец
актерка
Како што завршува театарската сезона, ми се намалуваат професионалните обврски. Всушност, денеска се подготвувам за гостувањето на ТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде што со претставата „Комшилук наопаку“ на Драмски театар ќе се затвори фестивалот. Покрај тоа, мислите и плановите се насочен кон скорешните одмори.
Борче Нечовски
текстописец
Приближувањето на летото, иако врнежливо деновиве, ги интензивира плановите за одмор, особено денеска кога завршува учебната година за децата. Сепак, во текот на денот ме очекуваат неколку деловни состаноци, поврзани со Радио Роса, а работам и на неколку песни за летниот фестивал „Охрид фест“.
Сања Николиќ
манекенка
В петок патувам за Италија, во врска со проектот за имплементирање на брендови, на кој работам веќе осум месеци. Треба да одам во Милано, Фиренца, Болоња и Неапол, а деновиве додека тргнам на пат ја подготвувам неопходната администрација. |