Брoj 2708  вторник, 10 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Добро сте расположени, а причина за тоа е заљубеноста. Ова е период кога треба да донесете битни одлуки. Со партнерот сте во феноменални односи, така што ништо друго не е важно. Преплавени сте исклучиво со позитивни чувства.



Бик

Бурните емоции ги насочувате кон пријателите. Не умеете смирено да реагирате, им ја фрлате вистината в лице и едноставно ги шокирате. Тоа често ви се случува, а не сте свесни колку им е непријатно на другите. Евидентни се зголемени емотивни реакции.



Близнаци

Го менувате предметот на интересирање, бидејќи сте преокупирани со нови интересни случувања. Се трудите по нешто од наученото да примените во практика, и тоа со желба подобро да функционирате. Се соочувате со предизвиците кои ни малку не се лесни.



Рак

Оптимисти сте во врска со случувањата во иднина, тие се одлична компензација за чувството на ниска вредност. На крајот од се' ќе имате корист, бидејќи ситуацијата ве тера постојано да се докажувате. Пренасочете ги мислите!



Лав

Ќе бидете во ситуација да го дадете максимумот. Бидејќи знаете дека тоа води до решавање на проблемите, правите се' што можете. Потрудете се да ги решите здравствените проблеми. Ве нервира размислувањето на партнерот.



Девица

Конечно го работите она во кое целосно може да се изразите. Сите замки успешно ги решавате, затоа и може да очекувате успех. Се занимавате со истражувачка работа и детали кои бараат темелност, а вие сте вистински мајстор за тоа.



Терезија

Најпосле разумот победи. Чувствата ги ставивте во втор план, сфативте дека тие само ви пречат. Потребата за ред е изразена, затоа и ќе се потрудите да создадете таква атмосфера. Можна е емотивна нестабилност, потрудете се да се средите.



Скорпија

За сите свои постапки одговор побарајте во потсвеста. Мора да посветите повеќе внимание на менталното здравје и да почнете да размислувате за себе. Ќе имате енергија, работете, а тоа е одличен лек за се'.



Стрелец

Потрудете се да најдете рамнотежа меѓу работата и приватноста. Врската со јавниот живот може да биде интензивна, а партнерот љубоморен. Ќе имате важен повик од странство. Денес нервите се во ред, но можни се проблеми со вируси.



Јарец

Денот не е поволен за решавање професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но за жал, ги изгубивте нервите.



Водолија

Ја сакате слободата, затоа и на партнерот му наметнувате таква врска. Не сакате тој да ве задушува, затоа и ќе реагирате на секоја негова реакција. Окупирани сте со парите, затоа и целосно сте насочени кон нив. Од блиските очекувавте невозможни работи, затоа и се разочаравте.



Риби

Врската во која се наоѓате е заснована исклучиво на физичка привлечност. Вашите постапки извираат од страстите, затоа се можни разочарувања. Размислувајте конструктивно, а не емотивно. Така ќе ви биде лесно и вам и на вашата околина.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ