Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Александар Велики на балканска турнеја, ќе дојава во Литохоро

Скулптурите на Александар Македонски, се чини, ја почнаа балканската турнеја. По „Воинот на коњ“ во Скопје, почнаа да се шират гласишта дека следниот воин ќе се исправи во Атина поради притисоците од пратениците на десницата, но, сепак, новиот Александар во Грција летово ќе никне на патот кон Катерини и Литохоро, познато гратче под Олимп.

Овој споменик на Александар Македонски е подарок од лидерот на ултрадесничарската партија ЛАОС, Јоргос Караџаферис за општината Дион-Литохоро и за фондацијата „Александар Македонски“, која се наоѓа во овој дел. Од канцеларијата за печат на ЛАОС потврдуваат дека свеченото откривање на споменикот ќе биде на 29 јули во дворот на зградата на Фондацијата, која се на��ѓа на патот за Литохоро, во регионот Пиерија каде што се наоѓаат голем дел од популарните летувалишта, како што се Катерини, Неи Пори и Лептокарија.

Караџаферис ја најави пинг-понг играта со споменици во октомври минатата година на средба со градоначалникот на регионот Јорго Папатанасиу, забележувајќи дека ова е порака до Скопје дека во Грција се' уште има луѓе што не се откажуваат од својата историја. Како што пишува Караџаферис во својата порака за споменикот-подарок (за кој грчките медиуми шпекулираа дека првично лидерот на ЛАОС сакал да го постави во една од атинските населби), овој споменик е дело на грчкиот уметник и професор Константинос Палеологос. Скулптурата е висока седум метри, направена од бронза со внатрешен челичен скелет и како што се вели во излагањето на Караџаферис, изработена е по пример на скулптурата на Александар во Александрија, Египет.

Иако се познати димензиите и скулпторот, се' уште нема јавно информација колку пари од свој џеб издвоил Караџаферис за овој споменик - подарок за Фондацијата и регионот Пиерија. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1619 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 08.07.2011 00:22:24
Nekako da napravevme da gi priblizevme dvata spomenika, nasiov i nivniot. Mozda ce si se zaljubat eden vo drug. Nema da mozat da imaat deca, ama najvazna e ljubovta.
Од: Neprostenkov
Датум: 08.07.2011 03:49:19
Му предлагам на Караџаферис да насправи еден голем споменик на Филип Македонски среде во Атина за да се присекават Атињани на неговото херојство...
Од: Nikola
Датум: 08.07.2011 06:35:23
Vo denesna Makedonija nikogas ne se zivele anticki makedonci - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html
Од: И тоа е Македонија
Датум: 08.07.2011 07:31:42
Нека прават и грците споменици на македонските кралеви и нека ги поставуваат во Македонија. Во тој дел на Македонија има се уште многу Македонци, многу од грците што живеат таму се измешани со Македонците, а можеби потоа и тие грци еден ден ќе се прекрстат во Македонци.
Од: Solomon
Датум: 08.07.2011 09:40:51
ЛИТОХОРО е мало гратче под Олимп создадено од поранешни воени пензионери на НАТО каде имаше американска база. Сега е мал обучен центар за војската на Грција. Тое е едно богато село-гратче кое личи на швајцарско место. Олимп е седиштето на врховниот антички бог ДИОН кој како и другите елински богови потекнива од врховниот бог на Венетите-од кои потекнуваат МАКЕДОНЦИТЕ. Венетите владееле од Троја , на Балканскиот полуостров, до Пелопонез па се до Венеција. Тое е историски потвдено со археолошките наогалишта и топонимите. Историска Вистина. Елините покасно се населиле од Азија и северна Африка, прво на островите на Егејот, па на Пелопонез и во северна денесна Грција. Тие се викале Елини, подоцна Грци. Немаат нисто заедничко со Македонците, Филип Александар и дргите антички Македонци. Цитајте од независни историчари.
Од: Vostok
Датум: 08.07.2011 09:48:31
Nikola, во Македонија не живееле Антички Македонци, туку живееле само Македонци ако си дошол тука да ми застапуваш тези на Татарско-Чувашкиот Куртурен Клуб во Скопје, тогаш земи орај со трактор, што подлабоко, токлу подобро
Од: filip makedonecot
Датум: 08.07.2011 09:58:15
do nikola - pred da siris Tatarska propaganda, ne ke e loso da ja posetese bratska ti Mongolija za da gi otkries poveke za etnogenetskoto poteklo na Vulgarite… Bidejki si gi otkril svoite tatrsko-mogolski koreni sigurno ke ti si dopadne tamu pa mozes i da si ostanes
Од: Горан
Датум: 08.07.2011 10:08:15
Една порака до НИКОЛА. Читај ти бугарски извори, пази да не налеташ само на тоа дека Филип Втори бил чистокрвен б`лгарин.
Од: stole
Датум: 08.07.2011 11:33:05
Smetam deka Nikola e padnat od Mars......
Од: Aaron
Датум: 08.07.2011 13:22:32
Enciklopedija Britanika: Makedoncite bili grci od zemite na Juzna Trakija. Denes tamo se chasti od Grcija, Bugarija i Turcija -Odrin(Edirne),Plovdiv(Filipopolis-gradot na Filip) i Larisa. Tea bili so grcka religija, zboruvali i pishuvali na grcki jazik. Osnovna cel na Aleksander bilo shireneto na GRCKATA kultura i ELINIZACIJATA na pobedenite zemi. Koga padnal Egipet, tamoshnite zreci go priznali za sin na Amon Ra.Al.M. naredil vo veki vekov faraonite na Egipet da se grci. Edva Kleopatra od Ptolomeite bila prv faraon, koj zboruval mestniot jazik. Koga uchebnicite vo RM nema da se pishuvat od komunjagi i srbomani, a od dostojni luge? Bugarija e mnogu poblizka do drevna Makedonija od nashta strana ama tamo se ja pochetuvat svojta istorija od 6-ti vek nasam!
Од: petko od sofija
Датум: 08.07.2011 14:24:19
Filip I alexander ne sa bili bugari. .. ali Samoil, Kliment, Goce I Dame sa bugari... Sakate ili ne... ova e vistinata
Од: Tina
Датум: 08.07.2011 15:29:30
Makedoncite ne postanale od Venetite, oti imeto Makedon e po anticko od Veneti i site drugi pleminja naokolu. Sepak sakam da kazam za Elenite/Helleni Elas/ Elada, toa ime koje e dadeno na novo dojdenite od Azija i Mediteranskite pleminja, i so trgovija se naselija na malata Luka vo Egejot. Makedoncite bea tamo, a i Mikenite, i Trojanciote i Itaka i Spartanci, a site imale rodninska krv. Aleksandar Makedonski, im se obratil so ime ELAs. Sto oznacuva, novo dojdeni. Ela e dojdi v natre, kao, Ela tuka, ili Elajte, Elajte, moja baba vikase taka sekogas. Bukvata S e na Makedonski, mnozina, kao, site vie. Se naoga na sekade po antickite iminja na dinastiite, so nivnite familiji. Sto, oznacuva da Mak., bea prvi i nemozat da bidat Helenski pleminja. A zosto nikoj ne gi vika Elas, Makedonski pleminja, e prasanje. Anticki Mak., ne prestanale da imat deca, pa sega gi nema. Samo ulavite taka mislat. A Rimjanite si ja menjale mapata po svoj kef. toa ne znaci Mak., gi nemalo.

Најди! во Утрински
На прво место
Заминува дамата во розово
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Унгарија предлага прво преговори, па името

"""