Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Унгарија предлага прво преговори, па името

Будимпешта - Треба да продолжат напорите за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за спорот за името. Ова не е интелектуално прашање што може кој  било да го реши со креативна мисла, туку е политичко прашање и решението мора да биде во интерес на двете страни, истакна унгарскиот министер за надворешни работи, Јанош Мартоњи, на вчерашната средба во Будимпешта со новинари од земјите од Западен Балкан. 

Мартоњи посочи дека од македонската и од грчката страна постојано во последните неколку месеци добива информации дека денот за изнаоѓање на решението за името се наближува.

„Преговорите се одвиваат со посредство на ОН. Ниту ЕУ ниту Унгарија не можат повеќе да направат освен да ги охрабруваат двете страни да ��о изнајдат заеднички прифатливото решение“, рече Мартоњи, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој потенцира дека како член на ЕУ Унгарија има ист став со Европската комисија и со Европскиот парламент дека преговорите со Македонија би можеле да започнат без решавање на прашањето за името, со тоа што повеќе од јасен е фактот дека преговорите ќе се затворат само доколку се изнајде решение за спорот.

„Ние не гледаме пречка за почнување на преговорите порано, но во исто време сме реалисти и поради тоа не го ставивме ова прашање како точка на дневен ред. Сметавме дека на дневен ред може да се најдат само такви прашања чија веројатност за добивање одговори е поголема“, додаде Мартоњи. (МИА)


#
Статијата е прочитана 638 пати.

Испрати коментар

Од: tulko drdeski,tetovo
Датум: 08.07.2011 01:17:49
Umno,preumno od strana na Ungarija ama ima edna falinka toj predlog trebase da go realiziraat vo vreme na nivnoto predsedavanje.Vakvite izblici na mudrost povekje licat na politikanstvo ili narodki kazano udiranje ladni oblogi.
Од: mark
Датум: 08.07.2011 10:42:39
Bog da cuva i da brani do vcera bea na celo na EU kutea kako p... pod kosula a sega demek eve na bratskata prtija na Grujo mu pomagame e toa se licemernite desnicarski partii i diktatorskite rezimi na koj nasiot ni patriot padna i celo vreme brue ete Orban ke ni pomogne sikter more so se niv da ve nema .

Најди! во Утрински
На прво место
Заминува дамата во розово
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Александар Велики на балканска турнеја, ќе дојава во Литохоро

"""