Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Зоица Пуровска

дир. на КЕЦ „Сцена“

Покрај редовните обврски во нашиот културно-едукативен центар, особено сум сконцентрирана на подготовките на ќерка ми Ангела за нејзино учество во интернационалната балетска група „Кроација“, со која треба да игра во неокласичната „Оревокршачка“. На 5 ноември заминуваат за Мексико, каде што ќе одиграат 11 претстави, а денеска работиме еден вид генерална проба на нејзината улога.

Александар Димитровски

дир. на ФФ „Роса“

Во интензивна комуникација сум со дел од македонската фолк-естрада, која ќе настапи на 11. издание на фестивалот „Роса“, што годинава ќе се одржи на 26 ноември. Имам намера годинава фестивалот да го освежам со некои нови концепциски идеи, за поголема и посовремена афирмација на македонската народна музика.

Зоран Љутков

актер

Овој период ми е без некои поголеми обврски за улогите, па го користам да почнам со подготовките на идното 10. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Во тој контекст денеска имам неколку состаноци. Добро е со време да се почнат подготовките, со оглед на тоа дека не' очекува јубилеј.


#
Најди! во Утрински






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU