Број 3412  четврток, 21 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

Овен

Вие сте вистински Овен. Постојано некаде брзате. Тоа не ви пречи, бидејќи сте во одлична форма. Бидејќи финансиската ситуација се подобрува, размислувате за забава. Партнерот повремено ве полудува, но и вие него.



Бик

Зошто се нервирате кога немате реални причини? Иако некои работи не одат така како што треба, бидете мирни и почекајте поволен момент. Се' ќе биде добро и без напор ќе го остварите она што сте го наумиле. Треба да почекате.



Близнаци

Ви се случуваат убави работи. Имате среќа. Некои од вас се оптоваруваат и се жалат. Многумина се исполнети со енергија, што е изненадувачки. Да се надеваме дека и вие сте еден од нив и ќе истраете во тоа.



Рак

Пријатен и неконвенционален ден. Имате потреба да се дружите и да учествувате во некои важни случувања. Се' ви изгледа едноставно. Ако имате можност да отпатувате, тоа ќе биде за лично задоволство и уживање. Една Водолија не ве остава на мира.



Лав

Иако сакате да оставите убав впечаток, тоа тешко ви поаѓа од рака. Не ја барајте вината во себе, бидејќи овој пат се однесувате коректно. Емотивно се мачите. Креативноста ви е нагласена, па успехот на тоа поле е идентичен.



Девица

Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја споделите со други. Прво со партнерот. Со него делите нежни моменти, но и имате време и за пријателите. Свесни сте колку ги имате и не можете се' да постигнете. Многу дружба, радост и веселба.



Терезија

Постигнувате многу, но пред да тргнете во акција, проценете ги сопствените можности. Дали навистина сте подготвени да вложите толку голем напор и дали тоа е вредно за се' што ќе направите? Има многу прашања што ве мачат.



Скорпија

Работите не одат така како што испланиравте. Барем на моменти ги заборавате неуспесите и им се препуштате на ситните радости. Саканото лице ќе биде многу нежно со вас. Оставете атмосферата да се вжешти. Свртете се кон пријателите.



Стрелец

Она што никако не сакате да ви се случи е самотијата. Не грижете се, ве очекува друштво, многу радости и веселба. Конечно, можете да се релаксирате, ги завршивте сите работи и тоа поуспешно отколку што мислевте. Посветете се на сами себе.



Јарец

Пријатните случувања влијаат на ослободувањето на напнатоста и заборавањето на проблемите. Доаѓате до сознание дека сте се нервирале за глупости и сакате да се промените. Оваа состојба нема долго да ве држи, па уживајте во неа.



Водолија

Пријатен ден во кој одлично се чувствувате и заборавате на сите лажни вредности со кои се опкружени. Дружењето со Ракот дополнително ќе ве релаксира. Ако тој не е во близина, ќе мислите на него.



Риби

Добивате подарок и уживате во нечие внимание. Тоа влијае да заборавите на актуелните проблеми. Бидете подготвени за поволна промена на околностите, но и на тоа дека тие услови бараат дополнително жртвување. На емотивен план - без осцилации.


#
Најди! во Утрински






Barroso: No date for Croatia's EU accession
Bulgarian PM loses support over Turkish EU bid
Albania tells citizens not to apply for asylum in EU