Број 3408  сабота, 16 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
На прво место

Oстанките од таткото на Мајка Тереза во ново почивалиште

На гробиштата во Бутел обредот ќе го изврши кардинал Вунко Пуљиќ

По 91 година од починувањето, посмртните останки на Никола Бојаџиу, таткото на Мајка Тереза, денес во 10 часот ќе бидат погребани по трет пат. Таткото на најголемата светска хуманистка, во 1919 година бил погребан на тогашните гробишта во скопската населба Црниче, а во 1957 година, сите починати католици кои немале живи роднини и пријатели, Католичката црква ги погребала во заедничка гробница во Бутел. Новото почивалиште на таткото на скопјанката Мајка Тереза ќе биде на католичкиот дел од гробиштата во Бутел, а обредот ќе го изврши кардинал Винко Пуљиќ.

Со ова Католичката црква ќе му оддаде почит на Никола Бојаџиу во рамките на одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза, а кардиналот Пуљиќ, кој ќе ја води неделната миса е папски делегат на овој јубилеј. Амбасадорот на Ватикан во Македонија, Сантос Абрил И Кастело, пак, ќе ја одржи вечерашната миса посветена на Мајка Тереза, со к��ја симболично ќе биде одбележана и 50-годишнината од неговото свештенство, 25 години од бискупството и 75-годишнина од животот.

Католичката црква во Скопје била меѓу домаќините на сите четири посети на Мајка Тереза на нејзиниот роден град. Секое доаѓање во Скопје, велат, го користела да го посети гробот на својот татко Никола. Првата посета се случила во 1970 година, кога е формиран редот на сестрите на Милосрдието во куќата во Кисела Вода, а последната во 1986 година. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 915 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 17.10.2010 04:31:14
Kade e sega Branislav Nusic ,da napise ; Cetiri jetrvi se karaat za eden Svekor! Civ bese Toj; Na Pravoslavnata,na muslimanskata,na katolickasta il na podeldenite Vlasi? . Kako sto pisuvate taa go pozsetila Skopje nekolku pati;Znaeno i neznaeno,ima li News Media il TV zabeleski za nejzinite poseti, Aaaa? Stana Vasa, Nasa i secija posle Nobelovata Nagrada!

Најди! во Утрински
На прво место
Земјотрес во дворот на Ахмети
„Мама“ - тоа сум јас, се јави Муса Џафери






MEPs voice outrage over Romania's media policy
Hungarian parents paid to keep toddlers at home
Bulgaria deploys helicopters to hunt tax dodgers