|
|
|
|
|
|
Набавени две возила за собирање смет
Општина Кисела Вода вчера ги промовира двете специјализирани возила за собирање смет во рурални средини. Малите камиончиња „митсубиши фусо“ ќе и' бидат на располагање на „Комунална хигиена“ за полесно да ги празни кантите за ѓубре од Драчево, Пинтија, Усје и од Припор, од тесните и непроодни улички каде што поголемите камиони немаат шанса за пристап. Возилата, кои имаат можност за автоматско и рачно управување во циклусот на работа, чинат околу 8.500.000 денари.
„Овие возила ќе бидат квалитативен исчекор во собирањето смет низ општината поради отежнатата конфигурација на теренот. Општина Кисела Вода ќе ја олесни работата на ’Комунална хигиена‘, па би требало за дваесеттина отсто да се подобри ефикасноста во собирањето смет. Ова е прв пат една општина да донира возила на јавното претпријатие. Во план е ваквиот пример да го следат и останатите општини. До март треба да се донесат уште 40 нови возила“, рече градоначалникот Коце Трајановски на вчерашната прес-конференција.
Новите камиончиња се од категоријата Н2 - товарно возило, произведени се во 2008 година, со капацитет од 5 кубни метри, со вграден систем на задниот дел за подигнување и спуштање на контејнери за отпад со капацитет од 1,1 кубик и со можност за празнење две канти од по 120 литри.
„Во општината Кисела Вода недостасува локација за истоварување на сметот. Најсоодветно би било претоварна станица да се изгради кај Стакларница или ОХИС“, велат општинските советници. (Б.Ш.) |
#
|
Статијата е прочитана 446 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: DAC |
Датум: 15.12.2010 14:11:39 |
|
Е па редно беше ! До сега сметот го несевме на километар за релативно висока цена на ѓубретарина. Ова е за поздрав, но се чини дека малку обратно је фатија работава. Трабаше првин да ги набават кантите, да ги поделат по домаќинствата, па потоа да го забранат фрлањето смет во контејнери (едно фрлање=50 евра=4 дена принудна работа). Вака треба до МАРТ (не кажаа година), мачки да ни го разнасуваат ѓубрето низ двор или да ги китиме оградите небаре се елки. Не личи!!! НО СЕПАК ТРГНА !!! АИРЛИЈА !!! |
|
|
|
|
|
|
|
|