Број 3407  петок, 15 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
На прво место

Непотизмот е опасен вирус на Медицински

Контролата открила четириесет семејни вработувања на Медицински факултет

Жаклина Ѓорѓевиќ
Јасмина Јовановска


Четириесет случаи на семејни вработувања се регистрирани на скопскиот Медицински факултет, каде што се вработувале ќерки, синови, снаи и зетови на професори. Семејно се вработувале и на Машинскиот факултет на кој имало 12 вакви случаи, потоа седум-осум случаи на Стоматолошкиот факултет, четири има на Електро-техничкиот и еден на Правниот факултет. Но, семејни вработувања имало и на Факултетот за физичка култура. Сите овие случаи вчера на посебна прес-конференција ги посочи директорот на Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов, кој заедно со министерот за образование и наука, Никола Тодоров, најави дека скенирањето на работата на државните факултети ќе продолжи и во иднина. Инспекторите ја скенирале работата на вкупно 12 факултети, кои се во составот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а семејни вработувања се најдени кај половина од нив.

Покрај евидентниот непотизам на овие факултети, тие посочија и на сериозни пропусти во работата на скопските факултети, кои воопшто не евидентирале дали се изведува настава.

„Имавме и случаи на повеќе вработувања од едно семејство“, изјави Арсов на вчерашната прес-конференција, но не сакаше да ги открие имињата на професорите кои вработувале членови од семејството или, пак, случаи на семејни вработувања. Само потенцира дека ваквата практика не била случај секаде, а како пример го посочи Економскиот факултет, каде што не е регистриран случај на семејно вработување.

Според Арсов, на факултетите немало ниту евиденција за тоа дали некој професор имал предавања или не. Контролите на факултетите, како што појаснија Тодоров и Арсов, се направени откако во Министерството пристигнале поплаки од студентите дека наместо професорите, на факултетите предавања држат асистенти и демонстратори.

„Ваквата практика мора да прекине“, изјави вчера министерот Тодоров, коментирајќи ги семејните врски и неевидентирањето на наставата. Затоа тој најави дека ќе иницираат законски измени во Законот за високо образование. „Ќе иницираме законски измени со цел да ставиме крај на овие недоследности што траат со децении наназад. Целта е да овозможиме сите граѓани да имаат еднакви услови нивниот труд да биде вреднуван врз основа на нивниот квалитет, а не врз семејни врски. Тоа сериозно влијае на квалитетот на високото образование“, изјави министерот на вчерашната прес-конференција. Сепак, тој не рече што ќе се прави со семејните вработувања, за кои рече дека немаат можност за санкционирање на ваквата појава. Не кажа ниту дали ќе бара одговорност од ректорот на Универзитетот, само прокоментира дека „веројатно и тој не бил моќен“ да се справи со таквата ситуација. Тодоров најави дека за целиот случај тесно ќе соработува со Антикорупциската комисија, но не објасни дали ќе поведат постапка за целиот случај.

Деканот на Медицински факултет, Никола Јанкуловски, вчера потврди дека на неговиот факултет имало три-четири случаи на семејни вработувања, но, како што тврди, ги наследил. Тој не сакаше да ги открие овие случаи.

„Воопшто немам информација дека се правела контрола на Медицинскиот факултет за непотизам. Претпоставувам дека министерот мислел за семејни вработувања на клиниките, а со оглед на тоа дека професорите од клиниките се' уште не се вработени на Медицинскиот факултет, не можам да зборувам за непотизам на факултетот, освен за неколкуте наследени случаи. За мене нема ништо лошо во тоа да се вработуваат деца на професори само доколку сето тоа е законски и ако тие ги исполнуваат критериумите што ги бара факултетот кој се стреми кон квалитет на кадарот“, изјави Јанкуловски за „Утрински“. Во однос на забелешките за наставата, тој тврди дека од септември годинава наставата се евидентира електронски, а претходно тоа се правело рачно.

Ректорот Велимир Стојковски вчера ги демантира наводите на Министерството, со образложение дека наставата се евидентира електронски или рачно, а вработувањата на факултетите се согласно со законот и со конкурсите.


#
Статијата е прочитана 1351 пати.

Испрати коментар

Од: suraty
Датум: 15.10.2010 12:18:39
pak ne gi razbiraat rabotite ovi od komisijata. da go ostavis svoeto dete da raboti za 500 evra vo onaa konjusnica od klinicki, da go tepaaat pacinetite, da go plukaat polupismenite novinari, e osuda a ne prednost ili nepotizam. pametnite i skolovanite otidona na zapad. ostanaa samo tatinite kilavi doktorcinja.
Од: valdez
Датум: 15.10.2010 13:26:01
Vo Klinicki rabotat samo onie koj ne mozat da uspeat vo privatnite kliniki . A vo t.n.Klinicki centar e isto kako bolnicata vo Alan Ford. Dajte so zdravstvoto da upravuvaaat na 100 g. nekoja ponapredna nacija od nadvor. A zosto i ne so se.
Од: Deni
Датум: 15.10.2010 14:17:23
A na ministerceto, tatko mu konduradzija da ne rabotese?? Pa nego kako go vrabotija??
Од: ilija
Датум: 15.10.2010 16:22:59
luge nese bunejte toae star makedonski zakon ako imas vujko vladika ke bides pop Ili ako imas tatko-vujko-cicko profesor -politicar kebides i ti vraboten . ILI.
Од: smeski
Датум: 15.10.2010 16:26:23
Gospodine ministre a kazi mi vo Vladata nema li nepotizam. Pa kolku se sekavam Premierot uste nesednata vo kabinet si go naznaci svojot bratuced za sef na DBK.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.10.2010 18:00:42
Место осуда за непотизам имаме килава одбрана на актерите на непотизмот,дури и се молчи за своите а се напаѓа политичкиот опонент.Треба осуда за сите кој го практицираат непотизмот и власта и опозицијата,тоа е релевантен коментар. Инаку ако почнеме да редиме братучеди од ,,нашите и вашите,, треба километарски коментар.Од овие на власта па до братучедите на Заев,па на охридскиот градоначалник од кого се засрами и матична партија вчера визави плацевите.
Од: Трпе
Датум: 15.10.2010 18:40:37
Не бре каков непотизам,вработувања по роднински врски.Само дпмне-овците имат ставено портокалови очила со потемни стакла.На дисперзираните факултети се е поставен стручен кадар.Дали се секаваре за случајот Заревски за вработување на неговата сопруга.Каква буна дигна тогашната опозиција.А каде е вработен сопругот на министерката за интерни работи.Што се случуваше со министерот за неправда.А за фамилијата не треба да се дискутира,тоа се семејни работи.Но виновен е народот кој верува на портокаловите кои лесно го замајуват.

Најди! во Утрински
На прво место
Самарас му рече збогум на Мицотакис
Македонија прва на суд за Ел Масри






Macedonia's fences do not make good neighbours
Croatia heading for possible early elections
Commission expected to give green light to Montenegro EU candidacy