Возачот на поглаварот на ИВЗ фатен со марихуана
СТРУГА – Возачот на поглаварот на Исламската верска заедница и уште три лица се фатени во четвртокот во Струга со четири килограми висококвалитетна марихуана.
Според охридската полиција, станува збор за меѓународен шверцерски канал за илегална трговија со дрога, кој бил пресечен во четвртокот околу 17 часот на магистралниот пат Ќафасан - Подмолје, кај селото Мислешево. Притоа, уапсени се четири лица и тоа Д.Ф. и Ф.А. од Скопје, З.И. од Охрид и М.А. од Албанија. Инспекторите при проверка на возило ,,опел астра“ на задното седиште пронашле патна торба со четири пакувања марихуана обвиткани со селотејп. Дрогата била наменета за македонскиот пазар. Приведените лица се предадени на Одделението за организиран криминалитет при Јавното обвинителство во Скопје. Од СВР - Охрид информираат дека се трага по уште едно лице кое е во бегство, а за кое има сознанија за можна поврзаност со случајот. (С.И.) |