Бошко Станковски, магистрант по Меѓународно право и меѓународни односи на Универзитетот во Кембриџ
Повод за ова обраќање се идеите што се пропагираа во јавноста околу референдумско одлучување за можниот исход од спорот за името. Целта на овој текст не е да навлегува во дискусии околу тоа какво треба да биде решението туку, едноставно, да се видат можните ефекти ако какво било договорено решение се стави пред граѓаните на референдум.
Од меѓународен аспект, инсистирањето за референдум би го поткопало и усложнило преговарачкиот процес. Грчката страна не би сакала да направи никакви поместувања во своите вкопани позиции. Изговор би било дека сето она што би можело да биде договорено во преговорите, би било поништено на референдум. Тоа би одело со објаснувањето дека доколку тие се согласат за некој аспект од спорните прашања, а потоа истиот пакет не биде прифатен од страна на нашите граѓани, тие (Грците) би направиле чекор напред во своите позиции, додека ние би се вратиле назад кон нашите првобитни ставови уште од почетокот на преговарачкиот процес. Ваквиот грчки став може да се насети од неколку изјави на претставници на грчката влада. За да биде проблемот поголем, тие за ова би имале разбирање од нашите сојузници однадвор. Со оглед на тоа дека претставниците на меѓународната заедница не би оделе гласно против референдумот, како најдемократска форма на одлучување, ние како држава би биле подложени на зголемен притисок и би биле непотребно обвинети дека сме некооперативни. Тоа во краен случај би ја намалило, а не зголемило, нашата преговарачка моќ. За потсетување е дека некои политичари во Грција, исто така, заговараат референдумско изјаснување и кај нив, или на пакетот за името или на нашето евентуално пристапување во НАТО или во ЕУ. Затоа ваквиот референдумски дијалог никогаш не би довел до решение. Од аспект на меѓународното право, не може да се направи паралела меѓу условување на таков (иден) специфичен меѓународен договор со референдумско одлучување. Референдумите обично се поврзуваат со влегување во меѓународни сојузи и прекројување граници (како, впрочем, што предвидува и нашиот Устав). Во овој случај, не би можеле да се направат споре��би ниту со Швајцарија или Ирска и нејзините релации со ЕУ. Нашата официјална позиција е дека исходот од преговорите не би требало да вклучува промена на Уставот, па оттука и референдум не е потребен.
Сепак, дури и да се потребни некакви корекции во определени сегменти во Уставот, за нас е подобро доколку евентуалниот компромис е прифатен како политичка одлука. Во меѓународните односи досега имало случаи на промена на име на една држава која, за волја на вистината, секогаш одела со самостојна одлука на конкретната држава. Но, и тогаш тоа најчесто не е проследено со референдум. Целта е секогаш да се добие одредена доза флексибилност. За жал, ние сме исправени пред невиден случај кога една држава инсистира на промена на име на друга суверена земја. Ваквиот однос е неприфатлив за секој правник од областа на меѓународното право. Но, во ситуација во каква што се наоѓаме, протуркувањето на одлуката на референдум би ја зацементирала промената. Доколку се прифати решение за каква било определба, дури и за онаа што не засега во нашиот идентитет, мислам дека заклучоците што би можеле да бидат направени од тоа (од различни актери и за различни цели), би биле повеќе негативни за нас отколку позитивни.
Така, тие би ги зајакнале тврдењата на сите оние што тврдат дека нашиот идентитет е лабилен. Доброволна промена на име на референдум, па макар и во каква форма и за каква намена, неизбежно би водела кон ваков заклучок. Значи, самите би се довеле во позиција да си пресудиме. Ваквата констатација многу потешко е да се направи ако тоа е политичка одлука донесена на највисоко ниво.
Исправка: Како автори на писмото во печатеното издание и на Интерне- изданието на 23 мај, по грешка беа наведени Нестор Огинар од САД и Ицо Најдовски од Австралија. Им се извинуваме на автор Бошко Станковски и на читателите за превидот.
Од: Dr Stojadin B.Coci/ Makedonska Zaednica Detroit/SAD
Датум: 23.05.2009 04:29:11
Posleden referendum na koj sto imaa moznost da glasaat site Makedonci bese onoj za osamostojuvanjeto i odvojuvanjeto od Jugoslavija koga bese postaveno prasanjaeto vo stilot na Pitija,
Potoa nemase nitu referendumi nitu izbori na koi Makedoncite od Dijapsorata bi mozele da glasaat.
Znaci ne za imeto, ami nitu za bilo sto drugo ne trebsa da se pomisluva bez prvo da se regulira ova prasanje na pravoto na glas garantirano so Ustav!
Namesto komentar za tekstot od pismoto vi ja predlagam mojata analiza vo vrska so predlogot objavena na internet a prosledena i na angliski jazik na www.Makedonija.tv Eve link (http://www.popovashapka.com/Editorial_za_predlogot_Severna_Makedonija.html )
Од: Veselin Anastasov
Датум: 23.05.2009 05:06:43
Referendumot za imeto e cisto predavstvo.
Poznato e deka ima podatoci deka blizu tri mileniumi postoi prvata vistinska evropska drzava Makedonija i logicno i prvata evropska nacija-Makedoncite.Vprocem i Evropa prv pat bese samo Makedonija i mal del od sosedna Tesalija i istorodnite Tesalijci(koi pokasno ke se ispomesaat so dojdenci od Afrika i Arabija i ke postanat poznati kako Grci).Ima istoricari(ne nasi) koi tvrdat deka makedonskoto ime e i od mnogu pred toa.Da ne dolzam.Dali ima nekoj pravo da se otkaze od naseto minato i so toa dobrovolno da
se samounistime kako Makedonci i Makedonija .
Dali imame pravo da im go napravime toa na nasite pokolenija?I so toa da im dademe pravo za genocidot i etnickoto cistenje od laznite Grci i nivnite podrzuvaci?A referendumot znaci spremnost za velepredastvo.Zosto?Pa moze da se stvori ista euforija kako so teritorijalnata podelba i da projde.Iako mu davam prednost na Gruevski,no ako go napravi ova,toaj ke bide predavnik isto!!!
Од: jimmy1
Датум: 23.05.2009 08:06:59
Da ne si ti od Grckiot parlament???
Од: Игор
Датум: 23.05.2009 09:55:16
Одлична анализа. Доказ дека за некои работи мора да се оди со политичка одлука, а не со референдум се и пропаднатите референдуми за европски устав по што замјите во кои тој беше одбиен одеа со носење на политичка одлука за Лисабонскиот договор, а не на референдум.
Од: prof.po preducilsno vospituvanje
Датум: 23.05.2009 11:03:09
Strasno e sto makedonci-predavnici kje glasaat protiv i ke i go izgubime i identitetot!
Од: zap ev
Датум: 23.05.2009 11:06:28
da bevme nacija so nacionalna svest nemase da se cigancime po svet koj odi po svet?pretezno begalici-malcinstva i nacii koi neznajat da se organizirat i trpat za leb kako pakistanci,indusi,indinezi,turci i makedonci.....mislam kazav se.referendum nisto ne menuva so sto se gordeete zemjaci vie vo stranstvo?nostaslgija imate osameni ste pa pisuvate vakvi gluposti,bez eu makedonija ce se raspadne ludje nese trpi da mozese nemase nie da sme tuka sega.
Од: nekoj od EU
Датум: 23.05.2009 11:42:01
Videte vaka, pametni odluki treba da nosat pametni luge. Zatoa ne se stava se na referendum, posebno ne vo drzava kade takvi se mnogu malku.
Esega drugo e sto ni tie sto treba da donesat odluka kaj nas se daleku od "pametni", toa se diletanti, koi ke bidat pod pritisok od Evropa i svetot da go napravat ona, sto ako bea pametni ke go napravea i do sega. I toa, ednostavno e.
Од: Miko, Skopje
Датум: 23.05.2009 12:20:41
Odlicna analiza! Treba da se razmisli navistina so studena glava za toa kakvi posledici bi imale so vakov eventualen referendum. No za toa treba politicari sto mislat dset godini odnapret i gi imaat vo glavata site mozni scenarija, a ne gilipteri koi za da se dodvorat na nasite neo-fashisti (vidi go komentatorot pogore koj zboruva za najstar evropski narod - Makedonci) izvikuvaat nekoi lazno patriotski paroli, pa potoa, sooceni so megunarodniot faktor, se naogaat vo sah-mat pozicija. Kako rezultat na toa se frustriraat i pokrenuvaat sporovi protiv novinari, politicari i intelektualci koi ce posocat na nivnite nelogicnosti.
Од: Talent
Датум: 23.05.2009 12:28:45
Moj stav, ako ne primaat u toa EU, Nato, ko Makedonija neka ne primaat ako ne so pa mora da se ide u toa eu nato, pa so toa grcistata u ista taifa da se staime , kaj se tie u drustvo nesto smrdi