Број 3650  понеделник, 08 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Стефановски шести во Магог

По третото место на Сен Жан пред една недела, Томи Стефановски во саботата заврши шести на вториот пливачки маратон во Канада од Гран-при серијата на ФИНА, на езерото Мемфремагог, со награден фонд од 25.000 американски долари. Патеката долга 34 километри Стефановски ја преплива за 7:34,06 часа, заостанувајќи девет минути зад победникот Петар Стојчев од Бугарија, кој на целта пристигна по 7:25,05 ч. Со освоените девет поени, 40-годишниот ветеран на македонското пливање на долги патеки сега има вкупно 30, со кои го задржа шестото место во генералниот пласман.

Вториот македонски претставник во трката во Магог, Евгениј Поп Ацев, го освои седмото место со време од 7:41,23 ч. Тоа му донесе седум бода, со кои сега има вкупно 40, доволно за останување на третото место во вкупниот поредок.

Седмата трка сезонава од Гран-при серијата на ФИНА ја завршија 16 учесници, од кои девет во машка и седум во женска конкуренција. Девет секунди по Стојчев пристигна Јан ван дер Хулст од Холандија, а на последното скалило од победничкиот пиедестал се искачи Трент Гримзи од Австралија. Кај дамите Пилар Хеихо од Аргентина го одбрани трофејот како вкупно деветта на целта со време од 7:51,29 ч.

Следната дестинација на светската маратонска елита е Охрид, каде што в недела ќе се одржи јубилејниот 25. маратон. Стефановски и Поп Ацев ќе ги предводат петтемина македонски претставници. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 240 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Џон Тошак нов селектор на Македонија
Лоша прва слика од Љубљана
Кадетите 19. на ЕП (Б) во Струмица
Во Азербејџан по враќање на атмосферата во тимот
Нејмар од јануари во Реал Мадрид
Пандев не заигра во Суперкупот
Прв првенствен гол на Трајковски за Зулте Варегем
Металург и Напредок засега непоразени

"""