Расел Бренд
Во една ноќ со девет жени
Расел Бренд, британски комичар и сопруг на американската пејачка Кејти Пери, признал дека во времето на својата најголема промискуитетност во една вечер спиел со дури девет жени. Бившиот зависник од секс кажал дека многу жени одвел в кревет веднаш штом ги запознал.
„Знаев да спијам со три, четири, пет различни жени во еден ден. Тоа беа вистински баханалии. Во Ирска постигнав рекод и во една вечер спиев со девет жени“, раскажал Бренд.
Ни самиот не знае со колку жени вкупно спиел, а признава дека славата му помогнала да ги прескокне додворувањата и состаноците, па веднаш преминувал на секс.
„Кога толку често имате секс, според законот на просечноста, постои голема можност сексот да ви здодее. Но, во исто време многу брзо сфаќате каков е некој - според тоа како мириса, како се однесува и како се претставува“, вели комичарот. |