Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Забава

Лив Тајлер

Мажите не ја интересираат, само синот

Актерката Лив Тајлер не се занесува многу со романтични состаноци. Откако во 2008 година се разведе од сопругот Ројстон Лангдон, таа е недопрена, а единствен маж во нејзиниот живот е нивниот шестгодишен син Мајло.

„Јас баш и не сум најдобрата личност околу прашањата за состаноци со мажи. Но, ако ме прашате за синот, се' ќе ви раскажам“, рекла гордата мајка Лив на една забава во Њујорк. „Мајло е многу паметен и го викам малиот научник. Не го интересираат играчки, туку предмети, како што се пластични шишиња, со кои може да прави експерименти. Или обична картонска кутија со која може да се забавува со часови и од неа да направи најневеројатни работи. Многу е креативен“, восхитено зборува Лив.

Бидејќи наближуваат божикните празници, и во Лив се буди малото дете, па за тоа вели: „Сосема сум палава! Утрото на Божик се будам во 6 часот и трчам под елката за да ѕирнам во чорапот со дарови. Така се однесував како петгодишно девојче и тоа секогаш ќе го правам!“


#
Статијата е прочитана 1875 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Биографиите се пишуваат само за пари
Во една ноќ со девет жени
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency