Уште долго ќе се раскажува и ќе се прераскажува за концертот на хрватската ѕвезда Северина во Скопје. Фантастично тричасовно шоу, по кое занемеа и најголемите нејзини душегрижници. Контроверзна, оспорувана, коментирана, критикувана, со сите свои доблести и мани, Северина во саботата вечер во полната сала „Борис Трајковски“ им одржа лекција на своите колеги, објаснувајќи им како навистина се прави концерт. И како може цели три часа, од почеток до крај, да минат во еден здив.
Северина на скопската публика и' приреди спектакуларен настан, шоу осмислено до последниот детаљ, провокативно, доведено до перфекција. Се пресоблекуваше безброј пати, кокетираше со публиката, имаше совршено сценарио во кое и паузата за преслекување минуваше со насмевки на лицата... Беше жртва на насилство во спотот за „Мушкарцу треба само курва“, го „симна“ Мајкл Џексон, и' „врати“ на Даниела Мартиновиќ, запеа во „дует“ со Оливер Драгоевиќ, облече маичка со натпис „Го сакам Скопје“, висеше на лулашка...
Покажа дека знае одлично и да глуми и да танцува (на моменти подобра и од танчерките), да пее, да раскажува, да провоцира... Има хитови за кои многу пејачи можат само да сонуваат. Го има и Горан Бреговиќ, кој допатува специјално во Скопје, но остана во нејзина сенка...
По сето она што го видовме во „Борис Трајковски“, останува само уште едно прашање: Постои ли нешто што не знае да прави Северина?
Со последниот концерт во Скопје покажа дека е комплетен и одлично спакуван производ. Се' во свое време и на свое место. Мудро размислува за секој свој нареден потег, без притоа да и' препушти што било на случјноста. Или што би рекла една пријателка, ретка ѕверка. Кога само би имале можност во земјава да гледаме повеќе ѕверки и ѕверови како што е таа.
Ej, uste Ceca i Jelena da ti gi donesat, pa ako moze i Gergana i uste nekoja pacavra, pa da se otepame od radost. Tesko nas...
Од: A ne,Vlado janevski ili gavazova
Датум: 09.11.2010 12:46:30
A be ludje ova e Hrvatska, na tuku taka hrvatite si ja vikaat lijepa nasa. I navistina e ubava i preubava, i pred se so kulturni ludje, so kultura od svedski i norveski tip. A za Severina, pa ne e samo ona, Hrvatska ima uste mnogu severini, no tamu zvezdite ne se samoproglaseni maalski cicinhja i fraercinja, kako nasite, snimi edna pesna so donacija od Pivara ili telekom i op zvezdata e rodena. E ne, tamu zvezdi se proglasuvaat so povece od 10 godisno kalenje na scenata i so glas i stas, so um i umeenje i talent, a ne so sedenje po kafulinjata kako vo Skopje. Od Sevewrina i od drugite hrvatski zvezdi nasite se daleku. pa ako kaj nas reper za voditel e onoj Vucic , e mozete da zamislite kade sme i vo ovaa oblast vo sporedba so drugite nasi sosedni zemji, vklucuvajci ja i Albanija, kade isto za razlika od nasite Albanci, kulturata e na mnogu visoko nivo od kaj nas makedoncite.
Од: koskar
Датум: 09.11.2010 12:59:03
„Мушкарцу треба само курва“ e dovolen pokazatel kakov tip na pejac e Severina. Tie sto go slusaat toa ne bi trebalo da se gordi....
Severina ne enitu prosecen, a kamoli golem umetnik ili "zvezda" ili "zverka".... Prestrasno!
Mladata novinarka ne znae koi se vistinski zvezdi, pa zatoa ovaa parada od nevkus i nekvalitet ja narekuva spektakularen koncert. Greota...
Од: Уметник
Датум: 09.11.2010 13:32:51
Девојко можеш ли да наведеш што друго од областа на уметноста имаш видено во животот па да споредуваш со Северина.Цеца?
Од: edna
Датум: 09.11.2010 16:39:58
Potpolno razočaruvanje vo Utrinski vesnik.Eden vakov tekst e pokazatel na kulturata i pametotot na makedonskata nacija.Kičot se narekuva umetnost, se uživa vo bezvredni tralajki. Se gleda deka dostignavme dnoto
Од: САМО ТУЃО НИШТО МАКЕДОНСКО
Датум: 09.11.2010 17:12:40
Македонија врие насекаде од српска музика права бановина. Остајте Северина тоа е во ред. Јас прашувам до кога тука некој мисли Македонија да е препознатлива по српска музика. По ресторани автобуси канцеларии забави. Па и забавна нека е. Дали овој шетаниов знае дека во Грција ли чул друга секој го почитува своето. А замисли го напаѓа В Јаневски . Сиктер бе недоквакани. За пасоши зборите ама вие србоманите сте премногуууу.
Од: redovna citatelka
Датум: 09.11.2010 17:22:44
Со години систематски се градеше извртен критериум за стардардите, пред се од страна на државата, сега можеме да ги гледаме последиците, не резултатите.
Од: Шуми Марица
Датум: 09.11.2010 19:31:11
До кога секаде српски песни?Донесете ја Гергана или Азис!И бугаромани имало многууууу!