Број 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Нови пајонски погребувања откриени на локалитетот Бучинци

Археолозите открија ширење на железнодопската некропола на неколку платоа

Катерина Богоева

На археолошкиот локалитет Градиште Бучинци крај Скопје, чие име стана препознатливо по откривањето на артефакти од железното време и информации за начинот на погребување поврзан со пајонското племе Агријани, деновиве привршуваат годинешните истражувања.

Под раководство на Страхил Темов, на локалитетот работат и археолозите Златко Видевски и Александра Папазовска, но и идни археолози, студенти кои откриваат нови податоци за некогашните жители на просторот, високо над селото во околните ридови, од каде се протега широк поглед во кој влегуваат и неизбежните оџаци на рафинеријата Окта.

Од овој локалитет потекнува женскиот гроб т.н. Гроб 12, кој беше презентиран и на научен симпозим во Пиран, Словенија пред две години привлекувајќи го вниманието со гробните наоди, пајонските бронзи кои како дел големата изложба „Македонски бронзи“, сочинета од 400 артефакти, досега беа презентирани и во Рим, Загреб и Нови Сад.

На највисокото плато, Темов ни ја покажа сега веќе затрупаната јама (со коски од безглави домашни животни, три човечки скелети и гробни прилози), врз која бил поставен питос со бронзени предмети и храна. Питосот во 2000 година бил откриен од страна на дел од селаните што работеле на блиската каптажа, предметите разграбани и подоцна собирани со помош на полиција.

Музејот на Македонија локалитетот го истражува од 2005 година, иако првите наоди на поширокиот простор биле забележани пред дваесеттина години

Неделава присуствувавме на ископувањата на просторот непосредно до некогашната јама, каде истражувачите копајќи, полека се спуштаа до нивото на откриените коски. Откриле питос и прагови од подно ниво, како и фрагменти од праисториска керамика. Од другата страна на јамата, се гледа просторот каде сметаат археолозите, се колеле животни во функција на пајонскиот погребен ритуал. Во близина пак на претходно истражените 12 пајонски гробови, годинава е откриено погребување со „појасни бронзи“, но и парче ѕид со присуство на античка керамика, кој не се поврзува со железнодопската некропола и се смета за одредена природна граница.

Страхил Темов посочи на откриените камења со кои се покривале по неколку покојници, положувани во т.н.тулуми без правилна форма. Врз телата на покојниците се пронаоѓани и големи керамички садови со храна.

Археолозите истражуваат на две нови локации, сместени една под друга на ридот обраснат со сува трева, цвеќиња и високи трња.

Во повисоката новоотворена сонда се гледаа откриени камења како индикација за постоење на објекти или тулуми за погребување, а во средината на пониската, е откриен гроб, а на истото ниво и наоди од јама.

„Овие наоди се доволна информација за ширењето на железнодопската некропола на локалитетот на овој простор. Евидентно е дека постоеле повеќе платоа на погребување со ритуал во кој се користеле и животни“ вели Темов, но посочува дека сеуште е рано да се говори за сите можни елементи од досега евидентираниот погребен ритуал на пајонското племе Агријани. Според него, локалитетот градиште Бучинци може да се смета за најсеверна точка во земјава каде досега со систематски истражувања е регистрирано присуство на пајонските племиња.

Наодите од претходните археолошки истражувања на локалитетот Бучинци, пајонските бронзи од гробот 12 , се изложени во рамките на постојаната археолошка поставка на Музејот на Македонија.


#
Статијата е прочитана 1226 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Концерт на дуото Илијасогулари од Турција на „Скопско лето“
Концерт на камерниот оркестар на Тирана на „Охридско лето“
Се туркаа пред Драмски за да го видат Ненад
Њујоршката премиера на „Темниот витез“ во чест на Хит Леџер

"""