Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Во прилепската болница повторно ќе се вршат породувања

Со речиси целосната реновација се зафатени подот, опремата, работните површини...

ПРИЛЕП - Државниот санитарен и здравствен инспекторат даде зелено светло за санацијата на прилепското Акушерско-гинеколошко одделение, па од денеска родилките ќе можат да се породуваат во прилепската болница. Како што истакнуваат од Инспекторатот, извршена е целосна замена на подот во Одделот за породување, набавена е нова опрема, работни површини од ростфрај, а набавени се и нови душеци за родилките. Освен тоа, извршена е дезинфекција на целиот оддел, а резултатите на 57 брисеви се негативни, што значи не е изолирана никаква бактерија на ова одделение.

„Со записник констатиравме дека се исполнети сите мерки, одделението може да почне со редовна работа“, истакна д-р Вера Менковска.

Бактерија во Гинеколошкиот оддел не беше изолирана ниту во земените мостри по трагичните случаи кога три родилки го загубија животот.

Се' уште се чекаат резултатите од Институтот за судска медицина, кои треба да покажат кои се причините за смртта на последната, 32-годишната Јасмина Богданоска, која почина пред два месеца кога беше издадена забрана за породување на овој оддел.

„Кога ќе ги добиеме резултатите од истрагата - ќе ги соопштиме“, изјави Илија Богатиноски, директор на болницата.

Но, во Гинеколошкото одделение и натаму останува проблемот со кадровската екипираност.

„Моментално функционираме петмина гинеколози, кои за скоро време треба да се пензионираат. Перспективно имаме неколку колеги и колешки што се на специјализација и кои ќе ги заменат колегите што заминуваат во пензија. Но, сепак, недостасуваат уште петмина гинеколози за нормално функционирање на овој оддел“, истакна д-р Снежана Јакимоска, началник на Гинеколошко-акушерскиот оддел.

Од друга страна, и натаму се евидентни санитарно-хигиенските проблеми на прилепската болница.

Според најавите на директорот Богатиноски, до крајот мај ќе започнат градежните работи за целосна санација на објектот.

„Во реконструкција на Гинеколошкото одделение се инвестирани околу три милиони денари, а со средства од Светска банка преку Министерството за здравство ќе се изврши реконструкција на целиот објект. Со оваа инвестиција се опфатени сите санитарни јазли, сите вертикални и хоризонтални одводи, замена на дограмата, изградба на станица за централни плински гасови и што е најважно, ќе профункционира новиот ургентен центар“, вели Богатиноски. (Мн.Т.)


#
Статијата е прочитана 552 пати.

Испрати коментар

Од: silvester, sidnej
Датум: 15.05.2010 02:50:56
Da. Cekavte da umrat rodilki za da go napravete istoto. Odgovornost nikoj nema da prevzeme, koj umrel si umrel. Taka li e Bogatinoski?
Од: mitko so malku sarkazam
Датум: 15.05.2010 04:25:53
Samo da ne zaboravat da si gi napolnat bateriite od mobilkite.
Од: јас
Датум: 15.05.2010 10:55:20
Само млатење празна слама, „де ова се направило , де она се направило “...НИШТО НЕ Е ПОДНОВЕНО , само малку подзачистија , колку да се рече дека исчистиле и ајде , терај !!!Смеа беше на повторното отворање на одделот ?! БЕА ПОБАРАНИ докторки со портокалови книшки ( ова е сигурно проверено ) од Итната помош од Прилеп , која патем е одделена од Болница ( друг правен субјект ) ДА БИДАТ ДЕКОР ПРИ ПОВТОРНОТО ПУШТАЊЕ на гинекологија !!!! Ова портокаливе ПАК правеа реклами и ништо друго !!!
Од: tereza
Датум: 15.05.2010 21:04:15
ne treba protokali za dr vo varos od majka tereza treba da zemat diploma od fakultet vo bombaj indija nasive se mizerija nazad nazad mome kalino.

Најди! во Утрински
Хроника
Македонец брутално претепан во Бугарија
Работникот се задушил во стариот колектор на „Бучим“
Златниот накит цел на крадците
Матурант се веселел со сигнален пиштол