Број 2841  среда, 19 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Грабнатиот танкер „тежи“ сто милиони долари

Со товар од два милиона барели „Сириус стар“ е најголемиот танкер што бил киднапиран

НАЈРОБИ - Огромниот саудиски танкер кој беше киднапиран од пирати во Индискиот Океан се приближува кон брегот на Сомалија, соопшти американската морнарица. „Сириус стар“, најголемиот танкер што некогаш бил киднапиран, со товар од два милиони барели - една четвртина од дневното производство на Саудиска Арабија - има вредност од повеќе од 100 милиони долари. Танкерот беше киднапиран во саботата во„невиден“ напад, како што го нарече морнарицата, 450 наутички милји од брегот на Кенија. Се посочува дека неговиот меѓународен екипаж од 25 члена, вклучвајќи и двајца Британци, е безбеден.

Операторот на танкерот „Вела интернешенел“ соопшти дека е мобилизиран тим за брз одговор кој ќе работи на безбедно ослободување на танкерот и екипажот. Киднапирањето беше невообичаено како во смисла на големината на бродот, така и на фактот дека бил нападнат многу подалеку на југ од Сомалија, јави дописникот на Би-Би-Си. Киднапирањето ја нагласува неспособноста на мултинационалната ударна оператвина група која на почетокот од годинава беше испратена во регионот да го сопре пиратството, изјави тој.

Американската Петта флота соопшти дека супертанкерот се „приближувал кон местото на закотвување“ во Ејл, пристаниште честопати користено од пиратите, а се наоѓа во сомалискиот регион Пунтленд. Началникот на американска здружена команда, адмиралот Мајк Мален, изјави дека пиратите кои учествувале во овој инцидент биле добро обучени. „Откако ќе дојдат до местото каде можат да се качат на бродот станува многу потешко да бидат симнати, тие сега имаат заложници“, изјави тој на брифингот во Пентагон, Вашингтон.

Киднапирањата во близина на брегот на источна Африка и Аденскиот Залив - област од повеќе од еден милион квадратни милји - сочинуваат една третина од вкупниот број пиратски инциденти за оваа година, според Меѓународната поморска канцеларија. Тие вообичаено се решаваат на мирен начин преку преговори за откуп, но со оглед на вредноста на товарот во овој случај, не е исклучена можноста за воен одговор. Најмалку 12 брода - вклучувајќи го и украинскиот товарен брод „МВ Фаина“ со кој се превезуваа 33 тенка и друга воена опрема, кој беше киднапиран во септември - и понатаму се во заробеништво и во тек се преговори за околу 250-те члена на екипажот кои се држат како заложници.

Танкерот „Сириус стар“, произведен од Јужна Кореја, беше киднапиран додека се движеше кон САД преку најистурената јужна точка на Африка, пр��дизвикувајќи пораст на цената на суровата нафта на глобалните пазари. Маршрутата околу р’тот Добра Надеж е главниот премин за супертанкерите кои пренесуваат огромен товар од Заливот. Со капацитет од 318.000 тони полна носивост, бродот е долг 330 метри, колку должината на еден американски носач на авиони. Во сопственост на саудиската компанија „Арамко“ тој во март го имаше првото патување. Покрај двајцата Британци, другите членови на екипажот се посочува дека се од Хрватска, Филипините, Полска и Саудиска Арабија. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 331 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Во Атина полицијата се судри со 10.000 демонстранти
Северен Кипар чека да излезе од изолацијата
Меѓународниот суд надлежен за тужбата на Хрватска против Србија
Чешката полиција с��аси Роми од напад на десничари
Тони Блер бил лошо советуван за Ирак
Обама му се јави на Саакашвили
Исланд ќе побара членство во ЕУ
Израел ја обнови блокадата на Газа
Син на емигрант лидер на германска партија