Судскиот совет си ја врши својата работа, избира и разрешува судии и е активен. Кога човек набљудува отстрана се' е добро. Првиот човек, патем полноправен пензионер, дава изјави на телевизии, во весници, до тука не би било ништо чудно да не станува збор за групација од луѓе (т.н. Судски совет) што ги поставила (поддржала). Нема потреба да се правиме ни луди ни слепи, групацијата е добро одбрано друштво кое има една и само една цел - да одработи тоа што треба да се одработи, а се знае многу добро за кого! Какви реформи, какви бакрачи! Нема ни „р“ од реформи, се' е само залажување, трошење пари дадени однадвор за реформи, форма без суштина, сликање пред камери и тука некаде завршува се'. Министерот за правда го пофали Судскиот совет дека вредно работел и избрал дури 115 судии за нецела година, а разрешил 11. Тоа е точно, но има и друго нешто уште поточно и поважно од бројот што се потенцира - сите тие нови судии (тешко на нас кога во животот ќе дојдеме тие да ни судат) „мирисаат“ на партиски луѓе. Што се' не е избрано и од каде се' не е донесен кадар - само да биде „наш“ човек. Какви не профили од занимања се во комбинација, какви „стручњаци“, без ниту еден ден поминат во суд ќе ни делат правда со години. Не се сфаќа ли дека има повозвишени вредности во едно општество отколку местење свои „партизани“, нестручни, незаинтересирани и штетни за таму каде што ќе дојдат.
Според кои критериуми се бира судија е клучно прашање. Секако, се бираат според стручноста и способноста, според тоа колку години или децении биле стручни соработници, колку предмети и како изработиле, колку се вешти, колку странски јазици зборуваат, дали ракуваат со компјутери, колку стручни семинари и советувања имаат посетено. Тоа би биле критериумите за избор во една нормална држава, но кај нас ништо од ова нема ама никакво значење! Има само еден критериум - следниот судија да биде од партијата која е на власт. Ако тој критериум се поврзе и со дете, зет, снаа или слично на сегашен или бивш судија, тоа е, пак, ептен добитна комбинација. За ваквите нема утка на изборите кај нас. Не постои друго ништо за „добар“ кандидат за судија во сите овие години, иако акцент ставам на последните избори во режија на новоформираниот Судски совет, како тело кое бира и разрешува судии и на оваа партија на власт.
Не значи ни најмалку дека работите беа различни и пред неа, но оваа власт ја избра народот да ги смени работите, а не да продолжи со истото т��а. Ова се случува со изборот во буквално целото судство во државата и по хоризонтала и по вертикала. Само да ја спомнам изборната лакрдија во Врховниот суд, кога јавна тајна во кулоарите во судовите беше дека е познато кој ќе биде избран за судија, па дури и претседател, замислете, па така судиите кои сакале да конкурираат за тие места просто и немале мотив да се пријават на конкурсот.
Vakvo sudstvo nemase ni vo tursko vreme! Vo makedonskoto sudstvo za se sto e od interes na drzavata presudite gi diktira ministerot za pravda, koj, pak, gi izvrsuva nalozite na premierot! Za seto ostanatoto se pravi ,,pazar,, medju sudiite i advokatite! Neka ni e Gospod na pomos so vakvi politicari, sudii i advokati.
Од: pero
Датум: 04.10.2008 00:49:15
Koga znam koi se na vlast, ova voopsto ne me cudi, cudno bi bilo ako nesto odi po regularen pat... a ova vo VMRO-vskoto opstestvo se normalni tekovi...
Од: Sram za Justicija
Датум: 04.10.2008 00:51:36
Jas bi dodal i tesko nam ne samo so vakov Sudski sovet, no tesko nam i so vakov Pretsedatel na toj sudski sovet i tesko nam so ovaj metuzalemski minister za pravdaa. Navistina tie dvajcata se prototipovi na anahronizmot vo sudstvoto , i nivnoto ponatamosno opstojuvanje na sudskiot sistem mu pravi ogromni steti . No poradi nivnite ogranicenosti vo sekoj smisol( strucno, intelektualno, moraolno) a nivniot lakejsko-podanicki mentalitet i poltrontvo, odlicno i odgovaraat na Vlasta , koja samo poradi tie pricini gi drzi na ovie visoki funkcii, iako i dvajcata odamna se " prestareni' za penzija. Bruka za sudstvoto voopsto.
Од: Schhh...
Датум: 04.10.2008 01:12:53
Целото судство во Македонија не го претставуваат само судиите и членовите на судскиот совет.Зад нив стои цела армија на судски службеници, одговорни и чесни луѓе без кои судиите неможат ни да го замислат извршувањето на судиската функција. Овамесечното покачување од 10 % за жал повеќе е навреда отколку награда за судските службеници.Ако сакаме модерно, европско, но пред се независно судство, не само платите на судиите, туку и платите на судските службеници треба да се по ист терк.
Од: монах Спиридон
Датум: 04.10.2008 02:27:54
Едно прашање. какве е разликата меѓу ЦИРКУС и СУДСКИ СОВЕТ, ПАРЛАМЕНТ ИЛИ ВЛДАТА? Во циркусот паметни луге се глупираат, се прават луди,мајмуни. А ваму, кај овие другите е обратно...
Од: milco
Датум: 04.10.2008 20:18:41
od tekstot se gleda deka nesto ne e vo red su sudstvoto i deka treba da se menuva , no po cij predlog koga avtorot nema hrabrost da si napise imeto od nekoi pricini.
jas ako kritikuvam nesto treba da zastanam zad moi zborovi i so fakti da mu dokazam deka toa sto se pravi ne e dobro tuku treba da se promeni.
od druga strana se prasuvam kako eden mlad pravnik ke stekne iskustvo ako nema sansa da bide vo sudot.
nikogo ne branam i nikogo ne napagam no sakam da ukazam deka i nie bez iskustvo imame pravo da rabotime za da stekneme iskustvo.
a sto se odnesuva do partiacija na sudstvoto srkogas i segde e taka razlikata vo nezavisnosta na sudsvoto e vo soovpaganeto na izborot ili pointiraneto. a slata e vo homogebizacijata na iskustvoto i elatot za rabota.
za toa se slozuvam i so iskustvoto za koe ukazuva avtorot no i so mladite polni so elan za rabota