Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма
Осуда за неодговорното однесување на Груевски и на Јанкулоска

Јордан Петровски, претседател на Комитетот за демократизација на Република Македонија во Канада

На светот нема ништо подраго и повредно од човековиот живот, а особено оној на младиот човек, што допрва треба да го даде својот придонес кон општеството. За родителите на Мартин, кои се справуваат со најтешката болка што може да ја искуси родител, единствената утеха што можеме да им ја пратиме се нашето искрено сочувство и нашите молитви.

За болката од овој немил настан, која не може да се намали, Комитетот за демократизација на РМ бара во најитен можен рок расветлување на случајот во однос на тоа како е усмртен покојниот Мартин Нешкоски, како и казнување на секој поединец директно одговорен и вмешан во ова убиство. Го соопштуваме нашето барање да се отвори распит дали постоел некаков обид за забошотување на убиството и бараме одговорните во Министерството за внатрешни работи да го преземат својот дел од кривичната и моралната одговорност за случајот, со што би дале јасен сигнал дека тие не го одобруваат ваквото ништење на човечки животи.

Во однос на протестите што се случуваат непрекидно од 6 јуни 2011 и кои будно ги следиме: ги сметаме за чин на вежбање на демократските принципи. Наш апел до демонстрантите е да останат цврсти на своите ставови да се расчисти случајот, првенствено да се расветли точно и прецизно како се случил нападот врз Мартин Нешкоски бидејќи се' додека формналноправно не се утврди вината на убиецот, не ќе може да се бара кривична и морална одговорност од неговите претпоставени. Исто така, апелираме да не подлегнуваат на какви било провокации што би можеле го претворат мирниот протест да во насилен; ниту, пак, да подлегнат по чие било политичко влијание.

На крај, го осудуваме неодговорното однесување на привремената влада на Македонија, со особено нагласување на вршителите на должност Министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски. Тие се оние кон кои се свртени очите на македонската јавност и кои мораат да се исправат пред предизвикот со кој се соочени наместо да ја одбегнуваат одговорноста на работното место за кое самите доброволно побарале да бидат назначени од македонскиот народ.

#
Статијата е прочитана 1016 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 21.06.2011 01:39:25
Konzervativcite katastrrofalno gi porazija socijaldemokratite vo Kanada na neodamnesnite izbori. Konecno i vo Kanada da pocne DEMOKRATIZACIJATA.
Од: pk canada
Датум: 21.06.2011 06:11:39
za tvoja informacija liberalite bea porazeni, isto kako i blokot na Quebec. NDP i konzervativcite osvoija najmnogu glasovi, a konzervativcite se tie koi formiraat mnozinska vlada za prv pat po podolgo vreme. Toa e za tvoja informacija, a sto sakas da kasez so toa deka demokratizacija ce pocnela vo Canada, samo ti si znaes, ili samo bleesh kako ovca. Canada e edna od retkite zemji koja postojano e na vrvot na posakuvani drzavi za ziveenje.Kade e USA?Do kade e USA so demokratizacijata?I so krizata? Gledaj si vo USA i ne se mesaj sekade.
Од: metodi
Датум: 21.06.2011 06:20:59
pocituvan gospodine petrovski...ne gi silete mladite luge zatoa sto i tie nemaat poim za sto protestiraat, odnosno ako im napravis anketa na sekoj od niv poedinecno ke slusnis razni prikazni. druga rabota: ako na sekoe 1no ubistvo vo mkd se davaat ostavki togas tesko na narodot!!! i prvo potisnete go grckoto lobi vo kanada pa posle kazuvajte za vo mkd...lesna mu zemja na martin i socustvo do negovata familija
Од: petre
Датум: 21.06.2011 07:57:01
Zosto neodgovorno odnesuvane >>> Storitelot e nezdrav i ke si jadobie zasluzenata kazna , no toa nema da im go vrati deteto na kutrite roditeli ama treba toj lud da zavrsi na besilka na plostad a ne ministerkata
Од: Sto saka da kaze ovaj od USA?
Датум: 21.06.2011 09:18:24
Ti od USA go procita li tekstot i dali voopsto znaes za sto komentiras? Avtorot na tekstot zboruva za odgovolnost politicka i moralna na site lica koi se naodjaat na odgovorni funkcii za propsutite koi nastanuvaat vo nivnite resori. Dosega toa vo Makedonija , sem slucajot na Antonio Pesev , koj si dade ostavka na ministerskoto mesto posle padot na avionot na Skopskiot aerodrom ,drug slucaj nema,a se slucuvaat mnostvo na tragicni propusti i greski i sekako deka del od moralnata i politickata odgovornostr za toa go imaat i celnicite vo ministerstvata.
Од: suzana
Датум: 21.06.2011 10:22:17
до Петре: според Уставот во РМ нема смртна казна (нема бесилка, нема линч), така да ни убиецот ни министерката нама да бидат обесни на плоштад. прашањето е зошто минисерката или министерството за внатрешни работи нема сознанија кој работи (ако работи легално) во него и како такви лица се блиску до првенците на државата; дали кога се со таков краток фитиљ не постои опасност и за лицата кои што ги обезбедуваат (незванично)
Од: D.V.
Датум: 21.06.2011 11:43:36
Mladite , spontano organizirani, znaat tocno sto baraat; megju ostanatoto i ostavka na ministerkata Jankulovska i Kotevski, za da ja ponesat svojata odgovornost,sto e za pocit. Toa sto se pojavi nova grupa mladi, organizirani od VMRO to, e druga prikazna, pa ne e cudno sto tie"ne znaat sto baraat" odnosno, duri i neznaat da se izrazat, osven Biljana koja mora da go cita ,onoa sto i e napisano. Poradi seto toa, ostavete giovie cesni mladi, da si go prodolzat mirniot marsh i neka se potrudat postarite da im se pridruzat za da im ja dadat svojata podrska. i da ne ostane i ovoj slucaj zatrpana pomegju ostanatite, vo nekoja fioka.Kuraz za mladite,da ne omalaksuvaat, na sto odgovornite i smetaat! A za doblest od nadleznite; sto bese toa vo Makedonija?
Од: Koj te plakja?
Датум: 21.06.2011 16:37:53
Ovoj petrovski od t.n. komitet za demokratizacija na Makedonija e petokolonas i lazen disident emigrant vo Kanada. Sto go napagja nasiot vodac Gruevski i negovata vlada koja tolku pridonese za razubavuvanje na glavniot grad i celata zemja. Za kakva demokratizacija zboruva toj? So napadi na SAD nema da ja digne Kanada...tokmu vo SAD begaat site politicki goneti lugje, no sega ke pocnat da begaat i - vo Makedonija. najdemokratska od site.
Од: До„USA„
Датум: 21.06.2011 16:55:56
Нас не не интересира Канада. Ние живееме во своја земја. Не интересира само што се случува дома.
Од: Душан Петровски
Датум: 21.06.2011 17:06:48
Благодарност до редакцијата на "Утрински весник" за објавувањето на нашето соопштение. Душан Петровски Комитет за демократизација на Република Македонија

Најди! во Утрински
Писма
Оставките се морален чин

"""