Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Писма
Оставките се морален чин

Ивест Рајчовски, Скопје

Оставките на одделни министри и раководители на некои органи на власта во Македонија, како морален чин на одговорност и почитување на демократските вредности, иако по некое непишано правило, личат на голем луксуз, при што се добива впечаток дека на функционерите мошне слатки им се фотелјите и бенефициите што ги носат тие. Меѓутоа, нашите функционери како да се подзабораваат дека функцијата не е само привилегија „лопатарење“ и насмеано сликање пред ТВ-камерите. Функцијата значи одговорност, чесно и доблесно извршување на сложените и одговорни задачи и предизвици, како и служење на интересите на граѓаните. Тоа значи служење и извршување на обврските кон граѓаните и ширење и промовирање на демократијата и демократските вредности во сите пори на сложениот општествен живот воопшто.

Меѓутоа, кај нас се случуваат мошне чудни однесувања од страна на носителите на разни јавни, државни функции. Така, се случи бродолом на Охридското Езеро, ресорниот министер не поднесе оставка, (а случајот се' уште мошне долго се одолжува во нашите судови), се претепа до смрт ученик-Албанец во едно средно училиште во Скопје и само директорката на училиштето поднесе оставка, а не и ресорниот министер за образование. Се случи падот на воениот хеликоптер, недалеку од Скопје во кој загинаа деветмина припадници на АРМ, ресорниот министер не поднесе оставка, а случајот, за жал, се' уште е тешка и нејасна мистерија. Сега, непосредно по изборите, како што е познато (а младите секојдневно демонстрираат и бараат одговорност) претепано е до смрт 22-годишното момче Мартин Нешкоски, и никој не сака да поднесе оставка, како морален чин, па дури, од поединци од власта сакаат случајот да се забошоти и вината да и' се префрли на починатата жртва затоа што умрените не зборуваат, а сведоците и очевидците се исплашени.

Сиве овие и многу други слични настани и случувања фрлаат голема темна сенка врз практикувањето на демократијата и демократските односи кај нас. Во земјите со подолга, традиционална демократија и демократски односи не е така. Напротив, оставката како морален чин секогаш е присутна кога некој скандал или сличен настан се случува во соодветен ресор на власта. Така, на пример, познато е дека пред многу години во Јапонија при судирот на два патнички авиони, ресорниот министер веднаш поднесе оставка како морален чин на негова одговорност, без да чека подетални, сеопфатни и стручни анализи за катастрофата. Вакви многубројни примери има и во многу други земји во светот. Оставките ако сакаме да ги цениме и практикуваме европските демократски вредности, како земја кандидат за членство во ЕУ, треба да бидат најнормална демократска практика со што ќе се зацврсти и нашиот углед и авторитет во светски размери.

Затоа новата влада, што се очекува да се формира во наредниве недели, треба да ги предвиди сиве вакви и други непријатни случувања, скандали и настани и низ демократска, чесна и смислена процедура почесто и навремено да го практикува барањето оставка и одговорност од нејзините функционери. И да не се крие под плаштот за се' негативно, скандалозно и небулозно што ни се случува во земјата и да ја обвинува опозицијата.

#
Статијата е прочитана 701 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 21.06.2011 01:35:32
Vladata dva pati si dade ostavka i raspisa PREDVREMENI IZBORI kako demokratski cin na baranje na opozicijata. Opozicijata ne uspea da ja prezeme vlastta. Koj e kriv? Koj e NEDEMOKRAT?
Од: do onoj od usa
Датум: 21.06.2011 04:50:51
A be car si za komentiranje i probuvanje da gi velicas tvoite vmoci , mora da si toj nivniot odbran nov pratenik pa pocnuvas da si go odrabotuvas dolgot.A za Kanada ic da ne te boli gajle i ne gi sporeduvaj niv so tvojot nikogas dokazan bokser.
Од: Alek ®
Датум: 21.06.2011 09:32:17
Како што рековте, оставките се морален чин. Затоа не очекувајте ги од неморални луѓе, од оние кои не се доблесни да си признаат ниту една своја грешка, ниту пак грешка на оние на кои им се претпоставени. Во ек на формирање на новата влада, треба добро да размисли премиерот т.е. коалиционите партнери кого ќе постават за министер на одреден ресор и како ќе ги екипираат министерствата. Ама знаејќи дека Груевски е непогрешлива фигура, ќе трпиме уште многу штета од неговата „непогрешливост“.
Од: b
Датум: 21.06.2011 10:43:23
Точно, оставките се морален чин, но за тие кои имаат морал!
Од: Banzai
Датум: 21.06.2011 11:45:08
Ivest! Ubav ti e komentarov, samo imam edna ispravka! ( ili e razlicen slucaj). Jas znam deka posle sudarot na dva patnicki voza vo Japonija, resorniot minister ne podnese ostavka, tuku izvrsi harikiri! (Samoubistvo, za tie sto neznaat sto e toa!
Од: Do USA "sveznalicata"
Датум: 21.06.2011 11:54:22
Za onie od USA ili od daleku koi povremeno navrakjaat vo tatkovinata , so dobra platezna karticka,cekovii polni dzebovi, najumno e da ne pisuvaat vakvi glupi komentari i da stavaat maslo vo oganot! Niv, najlesnoe da gi zalazuvaat, onie koi kako prestavnici im dovagjaat od Makedonija, pa zaneseni od komplimenti i vetivanja, sega tuka pred izmaceniot makedonski narodse, polni so falbi za vrednosta na VMRovcite.Ajde vie od USA dojdete da poziveete vo MK. so makedonski plati, imajte "rabota" vo maticno, katastar ili sud,pa posle davajte komentari za blagdetot sto gi dava ovaa Vlada!Do togaj, zatvorete ja ustata i ostavete gi komentarite na onie koi ziveat so makedonskite moznosti i problemi.

Најди! во Утрински
Писма
Осуда за неодговорното однесување на Груевски и на Јанкулоска

"""