Масовно крштавање на реката Бабуна
ВЕЛЕС - Триесет и двајца велешани во водите на реката Бабуна завчера ја примија Христовата вера. „Кога сум се родила, не ме крстиле. Такво било времето, татко ми беше милиционер и не било дозволено“, вели највозрасната меѓу крстените Даница Џипунова.
Христовата вера ја примија и повеќе млади велешани.
„Дојдов тука да се крстам и да ја примам Христовата вера, иако и претходно ја почитував, но сакав да станам вистински христијанин“, вели петнаесетгодишниот Филип Варналиев. Преку црковниот обред, владиката Агатангел ги повика новокрстените да се соединат со Бога и да уживаат во благодатите. Обредот заврши преку нивно потопување во Бабуна. Ова е прво масовно и заедничко крштавање во водите на реката Бабуна во Велес. (С.Ќ.Н.) |