Полни сте со сексуална енергија, а доколку не успеете да ја трансформирате, или да ја исфрлите од себе, ќе има неволји. По обичај, ќе се обидете да груб начин да дојдете до она што го сакате. Доколку наидете на пречки, ќе размислувате во погрешна насока - за тоа дека одредената личност не ве сака и слично на тоа. Ослушнете ги потребите на партнерот.
Бик
Во одлично расположение сте, па поминувате незаборавни мигови со друштвото. Се наоѓате во фаза на размислувања за љубовта и како да ги конкретизирате. Тоа е нормално, зашто сте практична личност, која секогаш знае што сака. Ви поаѓа од рака да се приспособите на ситуациите за кои главно не сте подготвени. Успех!
Близнаци
Сериозноста на ситуацијата прави да се однесувате разумно. тешко се борите со проблемите, но, сепак, ќе се изборите. Концентрацијата е силна, што е одлично за ситуацијата. Осаменоста е работа на денешниот избор и одлично решение за емотивните фрустрации. Релаксирајте се со хоби.
Рак
Се обидувате да се изборите со маните како што се посесивност и љубомора. Ги искажувате не само во однос на партнерот, туку и во однос кон сите што се поуспешни од вас. Иако на себе својствен начин ги прикривате слабостите, сепак се оптоварувате со нив и си создавате дополнителни проблеми. Можеби би требало да поразговарате со некого за тоа?
Лав
Ве очекува интензивен ден, проследен со активности, токму онаков каков што посакувате. Бидејќи ќе бидете растргнати на повеќе страни, морате да работите на зајакнување на концентрацијата. Мало невнимание може да има фатални последици во вид на повреди. Доколку размислувате за хируршки зафати, одложете ги за неколку дена.
Девица
Половина час дневно смеење влијае и на убавината. затоа смејте се, зашто имате причина да бидете среќни. Љубовта прави чуда. Некои девици ги обожава саканата личност, на некои радост им создаваат децата, а некои смислата на постоењето ја наоѓаат во креативната работа. На која група и да и припаѓате, пред вас е исклучителен ден.
Терезија
Слободните моменти ги минувате во свој стил - уживате опкружени со многу луѓе. Важите за лице родено во најкомуникативниот знак, па одлично се снаоѓате во друштво. Добивате сигурност. Со партнерот, конечно, дојде до затишје, зашто се сетивте дека умеете да бидете и итри. Браво!
Скорпија
Вложувате напор да ги надминете не само сопствените проблеми туку и проблемите на пријателите. Иако не се чувствувате прекрасно, се тешите зашто сте личност која исклучително брзо закрепнува од стресови и болести. Главата горе. Наскоро се' ќе биде многу подобро. Вашиот дом нека биде некој вид на изолација, која ќе ви помогне да ја надминете оваа состојба.
Стрелец
Исклучително успешен и креативен ден. Со својот конструктивен критицизам, здраво резонирање и успешен деловен напредок, ја постигнувате целта. Доколку цел ден бидете во акција, ќе се чувствувате добро. Никако не смеете да дојдете во ситуација да не знаете што со себе, зашто вие постојано мора да работите нешто што има смисла.
Јарец
Општата состојба конечно стана стабилна, без пресврти. Искористете го она што го имате во изобилство- трпение. Се' ќе биде во ред. Воздржете се доколку сакате да бидете задоволни. Земете го она што ви се нуди и ќе бидете среќни. Во усовршувањето е спасот. не заборавајте на саканата личност.
Водолија
Ситуацијата бара молневита акција, така што на брзина носите одлука за кога ќе излезе дека е вистинската. Она од што треба да се чувате, под услов да можете да влијаете на тоа, се катастрофи како поплава во станот, или проблеми со струјата. Во состојбата во која сте, непромисленоста може да доведе до фатални грешки. Затоа внимателно.
Риби
Уметност, филозофија, религија, патеписи, филмови... Во овие области наоѓате утеха за незадоволството со конкретната материјална состојба, која не се однесува само на беспарицата, туку и на односите меѓу луѓето. Занимавањето со работите за кои имате предиспозиции, ќе ви помогне полесно да ја поднесете или победите болеста. Ќе успеете!