Што прават денеска
Ива Пројковска
фудбалски судија
Пресреќна сум, бидејќи вчера добив известување од судиската комисија на УЕФА дека сум избрана меѓу 20 судии од Европа што ќе судат на Европското првенство во фудбал за младинки, кое ќе се одржи во Македонија на крајот на мај. Тоа е големо признание за мене и поттик за усовршување како фудбалски судија. Работам и на завршувањето на магистерскиот труд „Насилството на фудбалските терени“.
Тања Бабунска
сопст. на обложувалници „Фаланга“
Денот ми почнува со вообичаени средби и состаноци на работното место и планирање на активностите за тековната седмица. Батериите ми се наполнети по убаво поминатиот викенд со семејството и со пријателите во природа и со физичка активност. Вечерта ми е резервирана за културни настани.
Ангелина Талевска
агент во ТА „Киниси“
Периодов ми е многу активен на професионален план, бидејќи во нашата агенција има големо интересирање за понудите за претстојните продолжени викенди. Поради тоа, викендот го искористив да се релаксирам на Водно и во Охрид, а вечерта ќе ја поминам со пријателите во некое скопско кафуле. |