„АББА“ по 22 години, повторно заедно за премиерата на „Мама миа“
Во изминатите дваесет години, членовите на групата „АББА“ ретко можеа да се видат заедно во јавноста, но овој пат квартетот кој жареше и палеше во 70-тите години на минатиот век повторно се собра на едно место и тоа за шведската премиера на филмскиот мјузикл „Мама миа“.
Првпат по 22 години, Агнета (58) се појави рамо до рамо покрај својата бивша колешка Ани-Фрид (62), а друштво им правеше и главната актерка, легендарната Мерил Стрип. Премиерата се одвиваше во хотелот „Ривал“ во Стокхолм, а на неа присуствуваше и машкиот дел од групата.
Филмот „Мама миа“ е мјузикл кој се занимава со животите и кариерите на членовите на групата „АББА“ во време кога квартетот беше во врвот на својата популарност, а хитовите „Dancing Queen“ и „Take a Chance“ се неизоставен дел од мјузиклот. |