|
Хороскоп
ОВЕН
На работа ве очекува поволен ден. Тоа што трпеливо го работевте носи резултати. Размислувате за пат во странство. Финансиите се стабилни. За партнерот ве врзува времето и чувството на сигурност.
БИК
Тука сте каде што сте и добро се чувствувате во својата кожа. Немате сериозни проблеми. Финансиската ситуација е солидна. Семејството ви дава стабилност. Ви годи флерт, но никој не ви го задржува вниманието подолго време.
БЛИЗНАЦИ
Навикнати сте од се' да имате двојно, дури и врски во исто време, но тоа сега не ви дава задоволство. Денес ќе размислувате за својот емотивен живот. Враќањето во минатото може да ви помогне да одлучите.
РАК
На деловен план се' минува вообичаено. Нема да има проблеми, но тоа не значи дека се' е решено. Можно е зголемување на платата, но не такво како што вие очекувавте. Во семејството е стабилно. Здравјето е добро.
ЛАВ
Стигнавте со деловната цел. Потребно е само да завршите уште некои формалности. Кога вам ви оди добро, секогаш ги има таквите на кои тоа им пречи, но не обрнувајте внимание. Комуникацијата е добра. Здравјето е стабилно.
ДЕВИЦА
Не ве држи местото, постојано сте во движење. Започнавте различни работи, но успех ќе ви донесе оној на кој ќе му се посветите. Финансиите се добри. Немате проблеми со децата. Завршувајте ги обврските на време.
ТЕРЕЗИЈА
Во последно време сакате да направите чекор напред и да смените нешто, но имате чувство дека некој ве влече назад. Тоа ќе се смени за неколку дена. Пријателите се секогаш тука кога е потребно.
СКОРПИЈА
Немате проблеми со работата. Работите рутински, се' постигнувате и финансиското подобрување наскоро ќе го почувствувате. Во љубовта имате потреба да го унапредите односот, можеби дури и да го официјализирате. Здравјето е добро.
СТРЕЛЕЦ
Олабавете се и уживајте во промената на работното место. Позитивната енергија кружи, па соработката со колегите е се' подобра. Наскоро ќе се стабилизираат и финансиите. Водете сметка за исхраната, можно е одеднаш да се здебелите.
ЈАРЕЦ
Продолжувате да напредувате на работа со истото темпо, а платата ја добивате на време. Во љубовта е се' поинтересно. Некои може да очекуваат нова љубов, а некои тајна романса. Здравјето е стабилно.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува убав ден на емотивен план. Ќе бидете сконцентрирани на партнерот или на некој што ви се допаѓа. Се трудите финансиски да им помогнете на домашните, иако работата се' уште не ви оди најдобро.
РИБИ
Имате елан за работа, но не го заобиколувајте ни уживањето. Парите по малку ги трошите и на работи што воопшто не ви се потребни. Ви претстои убаво патување. Ќе отидете подалеку од што планиравте.
|
#
|
|
|